ТВ серија: Долга песна (The Long Song)

ТВ серија: Долга песна (The Long Song)

Приказната за робинка што живее во Јамајка во 1838 година под британско владеење

Главни улоги: Тамара Лоранс, Хејли Атвел

Жанр: драма

Премиера: 18 декември 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 10,00 од 10)
Loading...

 

Во оваа ТВ серија којашто е адаптирана од романот со истото име, се раскажува за млада робинка којашто живее на шеќерна плантажа во 1830-та година во Јамајка. Тоа што ја прави оваа приказна поразлична од другите е карактеристичниот, автентичниот, резонантниот и имагинативниот начин на кој се раскажува. Дел од тоа може да се припише на сценариото, а останатиот дел на прекрасниот избор на актери – тие успеваат да ја пренесат секоја мисла на авторката.

Првата епизода веднаш нè запознава со робинката Џулај (Тамара Лоранс), која е интелигента, жестока и силна жена. Со текот на годините, таа научила како умешно да се справува со својата господарка, Керолајн (Хејли Атвел), чија монструозност може да се забележи уште во првата секунда штом ја здогледате. Но, нештата набрзо ќе се променат откако робовите во куќата ќе почнат да слушаат гласини дека кралот на Англија е донесе крај на робовладетелството.

На кратко, оваа мини ТВ серија е исполнета со многу емоции и обработува тешки теми што сè уште имаат големо влијание на човештвото. Но, ако сакате да погледнете како изгледал животот во тоа време и со што морале да се справуваат робовите, тогаш оваа приказна без сомнение ќе ви ги отвори очите и ќе ве потресе. Имајќи го ова на ум, бидете спремни за непријатни сцени и за неколку солзи од вашите очи…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар