ТВ серија: Докторот на мафијата (The mob doctor)
ТВ серија за изборот, должноста и за животот помеѓу два сосема различни света – медицината и мафијата
Главни улоги: Џордана Спиро, Жељко Иванек, Вилијам Форсајт
Жанр: криминалистика, драма
Креатори: Џош Берман, Роб Рајт
Премиера: 16 септември 2012
Број на сезони: 1
Времетраење: 60 минути
Јазик: англиски
Наша оценка: 7
Ваша оценка:
Кога го видовте насловот сигурно си помисливте „ах, уште една медицинска драма“. Се согласуваме дека веќе има премногу вакви ТВ серии кои горе-долу ја обработуваат истата тематика, но во овој случај станува збор за нешто сосема поразлично. Во „Докторот на мафијата“ има целосно испреплетување на доброто и злото, лагата и вистината, стравот и сигурноста… како и сосема нов поглед во животот на оние кои поседуваат целосна моќ да спасуваат или пак, да убиваат.Грејс (Џордана Спиро) стажира во една болница во Чикаго каде што е една од најдобрите млади хирурзи. Но, тоа што никој не го знае за неа е дека таа живее на работ помеѓу два света. По сплет на околности таа станува должник на мафијата и мора да биде достапна за нив исто толку колку што е достапна и за болницата во која работи. Од друга страна, и покрај сè, таа себеси се обврзува да ја почитува заклетвата која ја направила кога станала доктор и токму поради тоа мора постојано да одржува рамнотежа помеѓу нејзините обврски, што и не секогаш е многу едноставна работа.Досега се излезени само две епизоди кои не ни откриваат многу за животот на ликовите, но досегашните критики велат дека оваа ТВ серија има потенцијал да го достигне успехот како и останатите популарни медицински драми. Во некои постапки ликот на Грејс малку наликува и на д-р Хаус, но сепак таа е сосема различна од типичната „докторка“ која можете да ја видите на малите екрани. Ако го обожавате овој жанр, дајте ù шанса барем на првата епизода. Поради мистеријата која ја крие буквално секој лик, нема да можете да одолеете да продолжите редовно да ја следите…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Znaci Grace, mnogu slicno so Grey pa duri i cover-ot e ist…