ТВ серија: Чудни осаменици (Weird Loners)
ТВ серија за 4 личности кои имаат фобија од љубовни врски и кои ненадејно ќе се спријателат
Главни улоги: Беки Њутон, Закари Најтон, Мира Роит Кумбани, Нејт Торенс
Жанр: комедија
Креатор: Мајкл Џ. Витхорн
Премиера: 31 март 2015
Број на сезони: 1
Времетраење: 22 минути
Јазик: англиски
Наша оценка: 7/10
Ваша оценка:
Станува збор за забавна и лесна ТВ серија која е одличен избор за оние моменти кога сакате да се опуштите од напорниот ден на факултет или на работа и малку да се насмеете и расположите. Приказната се врти околу животот на Керин, Стеш, Зара и Ерик кои на прв поглед не се разликуваат многу од останатите луѓе, но доколку подобри ги запознаете веднаш ќе сфатите дека тие имаат една заедничка карактеристика која ги одвојува од останатите – ниту еден од нив не е способен да одржи долготрајна љубовна врска.
Керин има шанса за брак, со познат доктор, но таа не чувствува никаква страст помеѓу нив и токму затоа го одбива. Таа постојано паѓа на лоши момци и тоа е една од причините зошто не била во врска повеќе од неколку недели. Стеш е типичен женкар, кој знае како да ја заведе секоја девојка која ќе ја сретне и лесно да ја одведе во кревет. Зара е девојка која верува дека како и сè останато, така и љубовта има рок на траење. Додека таа трае е одлична, но секогаш доаѓа момент кога одеднаш исчезнува и потоа доаѓа време да се продолжи понатаму. Ни останува уште Ерик, кој е голем чудак. Тој е антисоцијален и единствениот пријател кој некогаш го имал е неговиот татко.
По сплет на околности овие 4 сосема различни личности ќе се спријателат и ќе почнат да имаат големо меѓусебно влијание врз нивниот живот. Секој од нив има своја различна приказна зошто се плаши од љубовта и зошто не е способен да одржи долготрајна врска, па токму тие разлики ќе им покажат една сосема нова перспектива на животот, пријателството и љубовта. Тие заедно ќе растат и ќе се развиваат, па по низа подеми и падови полека ќе почнат да сфаќаат што е она што најмногу вреди во животот. На комичен начин, секако.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.