ТВ серија: Човекот во високиот замок (The Man in the High Castle)

ТВ серија: Човекот во високиот замок (The Man in the High Castle)

Поглед кон алтернативна историја на Северна Америка која ни го покажува животот по Втората светска војна во која победиле нацистите

(1) ТВ серија: Човекот во високиот замок (The Man in the High Castle)Главни улоги: Алекса Давалос, Руперт Еванс, Лук Клеинтенк

Жанр: драма, научна фантастика, трилер

Креатор: Френк Спотнитс

Премиера: 15 јануари 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (5 гласа, просек: 9,00 од 10)
Loading...

Оваа ТВ серија е адаптација на популарната книга со истото име од Филип К. Дик. Уште во првата епизода може да се забележи дека приказната се движи блиску до настаните од самата книга, оживувајќи ги ликовите кои сигурно добро ги помните доколку сте ја прочитале. Можеби тоа е една од причините зошто оваа ТВ серија брзо стана една од најгледаните за 2015 година. Имајќи го тоа на ум и фактот што Ридли Скот е режисер, како и одличниот тим актери, слободно можеме да кажеме дека оваа приказна уште долго ќе се емитува на малите екрани.

(2) ТВ серија: Човекот во високиот замок (The Man in the High Castle) (3) ТВ серија: Човекот во високиот замок (The Man in the High Castle)

Приказната започнува со мал вовед во животот на главната хероина, Џулијана Крејн (Алекса Давалос), која ќе пронајде видео снимки во кои нацистите губат. Истите оние снимки кои ни се нам денес достапни. Иако ѝ делуваат невозможно и другите ја убедуваат дека се само дел од пропаганда направена од страна на човекот во високиот замок, сепак таа решава да почне да истражува бидејќи длабоко во себе верува дека тие се вистини. Токму тогаш започнува нејзината потрага по вистината која ќе ја одведе на неверојатно патување.

(4) ТВ серија: Човекот во високиот замок (The Man in the High Castle) (5) ТВ серија: Човекот во високиот замок (The Man in the High Castle)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. sase Reply

    Mnogu dobra serija, sekoja epizoda te tra da pustis naredna 🙂
    No, samo edna sezona ima i e prekinata

Остави коментар