ТВ серија: 8 сетила (Sense8)

ТВ серија: 8 сетила (Sense8)

8 градови, 8 личности, 1 поврзаност…

(1) ТВ серија: 8 сетила (Sense8)Главни улоги: Мигел Анхел Силвестер, Дуна Беј, Џејми Клејтон, Тина Десаи, Брајан Џ. Смит, Тапенс Мидлтон, Макс Римелт, Амл Амин

Жанр: драма, научна фантастика

Креатори: Енди и Лана Вачауски

Премиера: 5 јуни 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (17 гласа, просек: 9,29 од 10)
Loading...

Можеме слободно да кажеме дека во последниве неколку години Нетфликс целосно ги подигнаа стандардите за ТВ серии. Тие ни претставуваат нови приказни, кои малку отстапуваат од добро познатата Холивуд шема, па токму затоа и создаваат уникатни серии кои целосно го привлекуваат нашето внимание. „Sense8“ е една од нив.

(2) ТВ серија: 8 сетила (Sense8) (3) ТВ серија: 8 сетила (Sense8)

Најпрво да ве предупредиме, кај оваа серија, како и кај сите други од Нетфликс, епизодите траат по 1 час. Но, бидејќи станува збор за драма, не очекувајте премногу акција. Приказната е целосно насочена кон запознавање и развивање на ликовите, па токму затоа и дејството се одвива премногу бавно. Но, тоа не значи дека таа не вреди да се гледа. Баш напротив.

(4) ТВ серија: 8 сетила (Sense8) (5) ТВ серија: 8 сетила (Sense8)

Приказната се врти околу 8 ликови, во 8 различни градови. Тие одеднаш и без никакво предупредување ќе бидат поврзани со еден вид телепатска конекција, па токму затоа и на почетокот секој од нив ќе мисли дека полудува и халуцинира. Но, како што ќе поминува времето така тие сè повеќе ќе сфаќаат дека се поврзани со вистински луѓе…

(6) ТВ серија: 8 сетила (Sense8) (7) ТВ серија: 8 сетила (Sense8)

Оваа необична поврзаност ги носи ликовите во нови и непознати градови, без притоа да ја напуштат својата земја, додека истовремено им дава пристап и до нивните лични способности, како поседување различни знаења, познавање јазици, боречки вештини… Но, она што е најинтересно е фактот што секој од нив може да биде на две места одеднаш, истражувајќи ги и најдалечните агли во светот. Но, тие ќе мора да научат како да ги користат овие способности со цел да преживеат во овој свет каде што на секој чекор демне нова и застрашувачка опасност…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Лејла Reply

    Се гледа во еден здив! Одлична за сите без предрасуди или со отворен ум. Ја препорачувам од срце…

Остави коментар