Епизоди (Episodes)

Епизоди (Episodes)

ТВ серија за животот на луѓето кои се дел од холивудскиот шоу-бизнис

Епизоди (Episodes)Главни улоги: Мет ле Бланк, Тамсин Грејг, Стивен Манган

Жанр: ситуациска комедија (ситком)

Креатор: Дејвид Крејн и Џефри Кларик

Премиера: 9 јануари 2011

Број на сезони: 2

Статус: во тек

Времетраење: 30 минути

Наша оценка: 7,5

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (15 гласа, просек: 8,13 од 10)
Loading...
Содржина: Во серијата станува збор за британскиот брачен пар Шон и Беверли Линколн, кои се сценаристи и режисери и работат на популарна британска ТВ серија за млади. Тие се повикани во Холивуд да направат американска верзија на истата, која доживеала многу голем успех и почнала да освојува светски награди, па затоа американската телевизиска мрежа почнува да си замислува повеќе доларчиња, доколку ја преземе серијата во свои раце.

Кога Шон и Беверли пристигнуваат во Холивуд, тие се тотално шокирани од фактот дека телевизијата бара од нив од корен да го изменат шоуто. Главната улога во американската верзија треба да ја толкува секси тренер по хокеј кој ќе го глуми Мет ле Бланк, наместо стариот директор кој ја толкува главната улога во оригиналната серија. Целиот нов свет кој го доживуваат во Холивуд, Шон и Беверли го сметаат за налудничав и комичен. И покрај тоа што на почетокот беа скептични за тоа дали треба да ја прифатат работата, после потпишувањето на договорот, остануваат таму и тогаш во нивниот претходно спокоен брачен живот, почнуваат да се случуваат разни перипетии кои ги носи со себе шоу-бизнисот.Епизоди (Episodes)Зошто да ја гледате: „Епизоди“ е забавна ТВ серија која е малку поразлична од она на коешто сме навикнале да го гледаме во американските серии. Двајцата шармантни британски актери и забавниот сексапилен Мет ле Бланк кој сите го обожаваме уште од ТВ серијата „Пријатели“, како и интересното разоткривање на она што се случува зад камерите во Холивуд, проследено со еден специфичен саркастичен хумор, ја прават ова серија забавна и симпатична за гледање.Епизоди (Episodes)Кога и како да ја гледате: Една епизода трае 30 минути, така што доколку секоја вечер, ви треба нешто да гледате додека се обидувате да заспиете, тогаш таа е одличен избор за овој период од ноќта, бидејќи нема премногу да ве расони и возбуди, но доволно ќе ве расположи за слатко да си заспиете.Епизоди (Episodes)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар