Српски филм (A Serbian Film)

Српски филм (A Serbian Film)

Филм за снаф-филмовите – ги знаете оние филмови нарачани од „болни богатници“ кои се преполни со секс и со насилство и каде што секогаш има жртви кои реално умираат (не онака филмски). Сликите кои ќе ги видите нема да можете да ги извадите од глава ако не со денови, барем со часови.

Српски филм (A Serbian Film)Режија: Срѓан Спасојевиќ

Сценарио: Александар Радивојевиќ, Срѓан Спасојевиќ

Улоги: Срѓан Тодоровиќ, Сергеј Трифуновиќ, Јелена Гавриловиќ

Времетраење: 104 минути

Јазик: српски

Премиера: 2010

Жанр: хорор, порнографија, драма

Официјален веб-сајт

Наша оценка: 5/10
__________________________________________________________________________________________
Кога пред неколку месеци прочитав дека „Српски филм“ го повлекле од Лондонскиот фестивал на хорор-филм затоа што организаторите премногу го „исекле“, си реков „овие Англичаниве навистина имаат мек стомак“. И повеќето филмофили во Македонија би го помислиле тоа – ние сме „хард кор“ гледачи и можеме да истрпиме речиси сè. Е па не е баш така. За морбидните сцени во Српски филм, мислам дека апсолутно никој не е подготвен. Сепак, ако тргнам да го „бичувам“ филмот и сè што е прикажано, сигурно само ќе ве поттикнам да го гледате (и јас би си рекла – е ова мора да го видам), а од друга страна, не можам при здрава свест и разум да кажам пофални зборови. Така што, ќе ви ги сервирам само информациите, а потоа сè друго паѓа на ваша одговорност.
____________________________________________________________________________________________

Приказна: Милош е пензиониран порноглумец кој „на времето“ бил ѕвезда во бизнисот, а денеска е посветен на синот и на сопругата. Сепак, парите собрани од порно-деновите пополека се трошат, па мора да смисли нешто. Тогаш доаѓа Вукмир, кој му нуди нов проект. Во игра се големи пари, Милош го потпишува договорот, но не знае апсолутно ништо за тоа што треба да снима. Е, тука почнува морбидната игра. Преполн со секс и насилство, во Српски филм апсолутно ништо не е свето, па дури ни децата, всушност, особено не децата. Филмот е напад на сите сетила – лесно е да ги затворите очите на моменти, но разорливиот звук на бебешкиот плач останува во главата. Да, генерално мислам дека цензурата е непотребна, но ете моите недемократски ставови ќе ги ставам во функција кога станува збор за Српски филм – понекогаш некој треба да нè заштити од нашата љубопитност, барем знам дека некогаш некој треба да ме заштити од мојата.Српски филм (A Serbian Film)Српски филм (A Serbian Film)Кинематографија: Единствената причина зошто на овој филм му дадов пет поени – „златна средина“, е начинот на кој е снимен и за глумата. Совршено. Иако ментално ве силуваат, па во текот не ни размислувате на овие аспекти, кога ќе помине сè, јасно е дека причината зошто филмот остава таков впечаток се и актерите и кадрите. Српски филм е мрачен како што треба, а приказната не е комплетно линеарна, туку се раскажува и преку „флешовите“ на Милош откако дрогите „излегле“ од телото. Срѓан Тодоровиќ и Сергеј Трифуновиќ се маестрални – луди, бесни, црни…Српски филм (A Serbian Film)Српски филм (A Serbian Film)Кога и како да го гледате? Не гледајте го. Ги знаете оние задолжителни препораки на филмовите, а „забрането за лица под 18“ е најверојатно најсилната. За Српски филм листата со забрането треба да биде подолга од овој текст. Па така, полнолетството не е единствен критериум, туку треба да имате и посилно срце, да не сте гадливи, да имате јак „ментален имунитет“. Но, ако ја земеме предвид човековата слободна волја (некој сигурно и ќе го пушти), тогаш олеснете си колку што е можно повеќе – задолжително гледајте го во друштво. Иако тешко дека овој филм ќе заигра во некое македонско кино, но и без тоа не би ви го препорачала во таа атмосфера. Дома ја имате слободата да го исклучите кога ќе посакате, а сигурно во кино впечатокот е посилен (непотребно) – темница, сала, големо платно.Српски филм (A Serbian Film)Српски филм (A Serbian Film)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Igor Reply

    Go cekav da dojde, dojde, go gleav i e najodvratnoto neso so nekoj moze da go napravi. Bizarno! odvratno!

  2. Саинт Reply

    Најодвратен филм некогаш снимен

  3. Име Reply

    Za zal imav prilika da go “gledam” filmot…kako uspeale takvo nesto da odglumat sekoja cest ama od pola natamu filmot e sodrzinski katastrofa…2 sceni so decata moze da mu tekne samo na bolen um… Filmot e KATASTROFALEN SRPSKI FILM

  4. Име Reply

    Е де. Не е до толку. Јас го гледав, да гаден е, ама па филм е, се заборава после пола саат.

  5. MmM Reply

    Добар е филмот, феноменална продукција, глума. Содржината не е толку длабока колку што се сцените, а сцените не се толку гадни колку што е болен филмот. И доста јадете гомн* за филмот… не знам зашто воопшто се нафаќате да гледате такви филмови кога не може да ги поднесете.

  6. saska Reply

    Fenomenalno

  7. Mulla Nasrudin Reply

    Ова е најинтригантниот филм боло кога снимен.
    Оние кои коментираат дека нема содржина и длабочина, очигледно е, ниту му се приближиле, а камо ли да го разберат.
    Ова НЕ Е филм за сексот и насилството! Ова е политички ангажиран филм, а сексот и насилството се длабоки параболи.
    Зошто луѓето имаат потреба да дискутираат за теми кои не ги разбираат?

    • marie Reply

      Откако ќе го изгледате филмот првото прашање што ќе си го поставите сигурно ќе биде : Како човечкиот ум и “креативност“ може да создаде вакво нешто? после час и половина гледање на филмов ќе останете со утепана психа и веќе ни една од тие скриени пораки нема да ви бидат битни и колку и да се добри целокупно и актерите и ефектите и генерално СЕ! сепак барем вашата човечност нема да може да ги свари кадрите од филмов!!

  8. Miro Reply

    idiotizam…. ovoj film go rusi konceptot za film kako umetnost …grozota…bolen um…

  9. Aleksandra Reply

    Филмот е моќен.
    Иако не секој може да го поднесе, предобар е!

Остави коментар