Сите се луди по новата серија „Genera+ion“

Сите се луди по новата серија „Genera+ion“

„Автентична, вистинска и неопходна“ се само дел од пофалбите што за новата серија „Genera+ion“. Приказната започнува со една млада жена која седи пред јавен тоалет во трговски центар и ја моли својата пријателка да излезе од тоалетот. Пријателката болно изјавува дека не и е добро, и одеднаш сме сведоци на една испаничена девојка која на Гугл пребарува „Како да се породиш сама?“. Драматично? Сè уште не сте чуле ниту половина од тоа. Ликовите се интелигентни, ги вербализираат своите потреби, и ние ги следиме во нивните различни животни предизвици, со различни личности, проблеми, желби и егзистенцијална криза. Веќе во првите епизоди се зборува за проблемот со насилства во училиштата, сексуалноста, сексизмот, дискриминацијата, и институциите кои не сакаат да ги слушаат.

Првата епизода веројатно ќе изгледа ненормално, но поентата на тој петти степен е недоразбирањето на оваа генерација, како и приближувањето на нивниот свет до нас – реалноста на овие млади луѓе е дека гледаат на сè страшно апокалиптично, додека истовремено, се паметни и проникливи. Тие не се осмелуваат да се справат ниту со реалност што вклучува економска нееднаквост, несигурност на приватноста на социјалните мрежи и сите тие „работи за возрасни“. Тие се едноставно премногу зафатени со усогласување на сопствениот внатрешен идентитет и оној што му го покажуваат на светот.

Она што ја прави серијата „вистинска“, и покрај тоа што на почетокот ќе изгледа целосно луда, дефинитивно е фактот дека таа е создадена од таткото Даниел Барнц и неговата 19-годишна ќерка Зелда.

Прочитајте и за овие 5 серии што треба да ги гледате ако се чувствувате изгубено.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар