Островот Шатер (Shutter Island)

Островот Шатер (Shutter Island)

Филм за мистичното, за лудилото, за љубовта и негирањето

Островот Шатер (Shutter Island)

Локација: Островот Шатер, крајбрежјето на Нова Англија

Време: за време на Втората светска војна и по неа

Главни ликови: Леонардо Дикаприо, Марк Рафало, Бен Кингсли, Макс вон Сидоу, Мишел Вилијамс

Режисер: Мартин Скорсезе

Жанр: мистерија, драма, трилер

Времетраење: 138 мин.

Премиера: 19 февруари 2010

Јазик: англиски

Музика: Квартет за пијано и сегменти во молски скали

Веб-сајт: www.shutterisland.com

Наша оценка: 9/10
———————————————————————————————————————————————–
Има филмови за кои знаете дека ако кажете што било, може да откриете премногу. Тоа не значи дека филмот нема приказна или дека не вреди да се зборува за него. Напротив, значи дека малку кажаното може да зборува многу за приказната која никој не заслужува да ви ја расипе. „Островот Шатер“ не е филм за кој треба да ви зборуваат другите.
———————————————————————————————————————————————–

.

Приказна: Федералниот Маршал Теди Дениелс е испратен да реши случај на островот Шатер каде се лекуваат тешко болните луѓе кои како резултат на својата лудост извршиле криминално дело. Тој го истражува случајот на исчезнатата пациента Рејчел Соландо која ги има убиено нејзините три деца. Во текот на истрагата тој открива клучни траги заедно со својот партнер Чак, кои се дел од една поголема загатка чие разрешување е поместено на самиот крај.Островот Шатер (Shutter Island).

„Што би било полошо, да живееш како чудовиште или да умреш како добар човек?“

Кинематографија: Островот Шатер не е филм кој нуди уживање за окото на гледачот. Не очекувајте многу живи бои и светли сцени. Напротив, мрачните и придушени сцени се карактеристични за филмот. Сепак, тие се во некаков баланс со јасните, светли, дури бели сцени, кога се присетува главниот лик, во кои доминира јаката боја на крвта или боите на животот кој згаснува.Островот Шатер (Shutter Island)Кога и како да го гледате: Ако почнете да го гледате филмов, не правете паузи за зимање грицки или одење во тоалет. Спремете се добро со сѐ што ви треба и 2+ часа не се помрднувајте од пред екранот. Островот Шатер гледајте го во друштво или сами, а за да ги забележите сите скриени детали, гледајте го два пати.Островот Шатер (Shutter Island)Слични филмови: „Седум“, „Машинист“, „Престиж“, „Неславни копилиња“Островот Шатер (Shutter Island)

Островот Шатер (The Shutter Island)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар