Најголемите негативци од филмовите и телевизиските серии - Part 2

Најголемите негативци од филмовите и телевизиските серии

Саурон, Господарот на Прстените (The Lord of the Rings)

Најголемите негативци од филмовите и телевизиските серии

Саурон не е само злобна личност, туку самото Зло. Тој е недопирливото, но сеприсутното зло кое се заканува дека сите ќе ги привлече кон темнината, па дури и веселите, мали хобити.

Најнезаборавен злобен потег: Неговото единствено хоби е владеењето со сѐ што постои и што ќе постои на светот.

Агентот Смит, Матрикс (The Matrix)

Најголемите негативци од филмовите и телевизиските серии

Дигиталната антитела во Матрикс е еден вид хибрид од големите корпорации и државата, како Волкот од Вол Стрит да се приклучил на Тајната Служба. Хуго Вивинг е смирен тип во костум, програма која ги мрази своите господари, подеднакво колку што ги мрази и луѓето кои ги убива.

Најнезаборавен злобен потег: Неговата репликација низ целиот дигитален свет.

Магнето, Икс-Мен (X-Men)

Најголемите негативци од филмовите и телевизиските серии

Без разлика дали го игра силниот Мајкл Фасбендер или мистериозниот Сер Јан МекКелен, воинствениот мутант е одличен пример како секој негативец за себе претставува херој.

Најнезаборавен злобен потег: Секогаш кога ќе го изневери Професорот Х, неговиот пријател кој никогаш не престанува да верува дека Магнето може да биде добар, иако многупати го покажал спротивното.

Кралот Џофри, Игра на тронови (Game of Thrones)

Најголемите негативци од филмовите и телевизиските серии

Разгалено дете, производ на инцест, со нечовечка амбиција, Џофри Баратион никогаш не научи што е добро и секогаш уживаше во лошото.

Најнезаборавен злобен потег: Отсекувањето на главата на Нед Старк? Тоа е злобно. Пред очите на неговата ќерка? Тоа е злобно. А ќерката е неговата идна невеста? Монструозно.

Вилијам „Бил Касапот“ Катинг, Бандите на Њујорк (Gangs of New York)

Најголемите негативци од филмовите и телевизиските серии

Даниел Деј Луис го толкува Бил Касапот – убиец, криминалец, пријател со корумпираните политичари, непријател на сите емигранти – кој се завиткуваше во американското знаме и се присетуваше со огромно задоволство на најдобриот човек кој го убил.

Најнезаборавен злобен цитат: „Ќе умрам како вистински американец.“

Бејн, Подемот на мрачниот витез (The Dark Knight Rises)

Најголемите негативци од филмовите и телевизиските серии

Терорист, анархист, контрареволуционер, филозофски фанатик. Бетменовиот маскиран противник е спој од сето она што со генерации ја загрижува националната безбедност.

Најнезаборавен злобен потег: Уништувањето на мостовите кои го поврзуваат Готам со копното.

Алонзо Харис, Ден за обука (Training Day)

Најголемите негативци од филмовите и телевизиските серии

Од моментот кога корумпираниот полицаец кој го игра Дензел Вашингтон го принудува Итан Хоук да зема ПЦП дрога, е јасно дека Детективот Харис одамна ја поминал линијата помеѓу доброто и злото.

Најнезаборавен злобен цитат: „Кинг Конг нема ништо за мене.“

Вербал Кинг/Кајзер Созе, Дежурни виновници (The Usual Suspects)

Најголемите негативци од филмовите и телевизиските серии

Најголемиот трик на ѓаволот е тоа што го убедил светот дека не постои, а најдобриот трик на Кевин Спејси е тоа што ја убеди публиката дека тој е губитник, а не озогласен криминален ум.

Најнезаборавен злобен цитат: „И едноставно, тој исчезна.“

Продолжете на следната страна за да ги откриете и останатите негативци…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

  1. горан Reply

    го заборави Otis од House of 1000 corpses и The devil’s reject.

Остави коментар