Мора да ги гледате: 10 најреалистични момчиња од романтичните филмови - Part 2

Мора да ги гледате: 10 најреалистични момчиња од романтичните филмови

6. Дин во „Тажен Валентин“ (Blue Valentine)

Овој брутално емоционален филм ги портретира модерните љубовни врски со сите нивни подеми и падови. Дин се заљубува во Синди и заедно го одгледуваат нејзиниот син од претходната врска. Но, постојано имаат проблеми. Нивната врска набрзо започнува да се распаѓа и кога Дин решава да ја одбрани својата репутација, тој воочува дека половина од работите се по негова вина и се труди да ги подобри односите меѓу нив. Но сите филмови немаат среќни краеви, па на крај тој го прифаќа поразот знаејќи дека неговата врска со Синди повеќе ќе предизвика штета отколку среќа.

3-filmovi-sto-mora-da-gi-gledate-10-najrealisticni-momcinja-od-romanticnite-filmovi-kafepauza.mk

7. Џеси во „Селест и Џеси засекогаш“ (Celeste and Jesse forever)

Џеси не е реалистично момче колку што е реалистичен бивш. Оваа приказна за пар кој раскинува, но сепак одржува контакт, успева да нѐ допре баш таму каде што најмногу боли. Сите сме пробале да останеме пријатели со нашите бивши, но секогаш некој се надевал дека пламенот повторно ќе се разгори.

7-mora-da-gi-gledate-10-najrealisticni-momcinja-od-romanticnite-filmovi-kafepauza.mk

8. Сатер во „Спектакуларното сега“ (The Spectacular now)

Сатер е ѕид од самодоверба и шарм – совршеното момче од филмовите, но кога ќе го скршите тој ѕид навлегувате во неговата внатрешност каде што се вткаени неговите најдлабоки стравови, несигурности и анксиозност. И како повеќето мажи, и тој се обидува работите да ги реши со алкохол. А пореалистично од тоа не може да биде.

4-filmovi-sto-mora-da-gi-gledate-10-najrealisticni-momcinja-od-romanticnite-filmovi-kafepauza.mk

9. Џеси во трилогијата „Пред зора“ (Before Sunrise trilogy)

Веќе во вториот дел, Џеси и Селин конечно одлучуваат да престанат да се расправаат и да бидат заедно, a во последниот дел тие се веќе во брак. Тоа значи дека Џеси е можеби најреалното момче на листава затоа што во ниеден момент од филмот не е слатка романтична душа која не престанува да зборува. Тоа го прави неверојатно многу реален.

9-mora-da-gi-gledate-10-najrealisticni-momcinja-od-romanticnite-filmovi-kafepauza.mk

10. Пит во „Напумпана“ (Knocked Up)

Пол Руд секогаш имал реалистични ликови кои ги сакаме и со кои сочувствуваме. На моменти намуртен, но сепак премногу шармантен за да може кој било да му одолее, Пит е тип со кој секоја жена може да се замисли. Неговите цимолења и кенкања и тоа што го кажува погрешното нешто во погрешното време е навистина претерано, но тој никогаш нема да ве напушти и да се пресели во Индија.

5-filmovi-sto-mora-da-gi-gledate-10-najrealisticni-momcinja-od-romanticnite-filmovi-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар