Филм: Тоа (It)

Филм: Тоа (It)

Адаптација на истоимената хорор книга за кловн убиец на Стивен Кинг

(1) film-toa-it-www.kafepauza.mkРежија: Енди Мускиети

Улоги: Бил Скарсгард, Џејден Либерхер, Фин Вулфхард

Времетраење: 135 минути

Премиера: 7 септември 2017

Јазик: англиски

Жанр: хорор, драма

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (19 гласа, просек: 9,11 од 10)
Loading...

 

Кога станува збор за филмски адаптации на Стивен Кинг, ништо нема да може да го достигне успехот на „Сјаење“ (The Shinning) и „Кери“ (Carrie). Филмовите и до ден денес се исто толку популарни и гледани како и првиот ден од нивното излегување токму поради богатата и детално разработената приказна. Имајќи го ова на ум, кога станува збор за едноставен хорор, како приказната за кловнот убиец – „Тоа“ (It), малку е комплицирано да се пренесе на големото филмско платно чувството на страв што овој писател маестрално го создава преку своите реченици. Проблемот најчесто може да се најде во визијата на сценаристот и режисерот – како тие ја доживеале приказната, што нив ги плаши и дали тоа соодветствува со размислувањето на публиката. Овој пат, сметам дека тие тргнаа во погрешна насока.

(2) film-toa-it-www.kafepauza.mk (4) film-toa-it-www.kafepauza.mk

Не можам да кажам дека целосно ќе се разочарате од овој филм, особено ако сте ја прочитале книгата, но тоа во што сум сигурна е дека нема да бидете ни воодушевени. Како и повеќето приказни на Стивен Кинг, така и тука се зборува за невиноста на детството, за болните загуби, за сеќавањата од минатото и за траумата предизвикана од растењето. Приказната започнува еден врнежлив ден, додека едно мало момче трча по хартиено бродче што плови низ улиците на неговиот град. Младото момче се обидува да го фати и кога конечно ќе го стигне тоа ќе падне во канализација, од каде што ќе се појави страшно суштество – олицетворение на самата смрт.

(5) film-toa-it-www.kafepauza.mk (3) film-toa-it-www.kafepauza.mk

Иако има некои навистина застрашувачки сцени, што ќе ве натераат да потскокнете од своето столче или пак, да ве натераат да се чувствувате едноставно непријатно без никаква причина, сепак тоа што му недостасува на овој филм е малку поразработена приказна и подобар тек на развивање на настаните. Можеби не можеме да го добиеме тоа од еден обичен филмски хорор, но со оглед на тоа што станува збор за приказна од Стивен Кинг, сигурна сум дека имало доста материјал со кој можело да се работи, но бил тргнат настрана за да се даде предност на стандардното Холивудско хорор исчекување и издолжување на сцените до оној „БУМ“ момент што треба да ни предизвика прескокнување на едно отчукување на срцето.

Во секој случај, ако сте љубители на хоророт, дајте му шанса на овој филм. Можеби ќе бидете пријатно изненади…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар