Филм: Сан Андреас (San Andreas)
По застрашувачки земјотрес во Калифорнија, еден пилот на хеликоптер заедно со својата бивша сопруга тргнуваат во потрага по нивната ќерка
Режија: Бред Пејтон
Улоги: Двејн Џонсон, Карла Гугино, Александра Дадарио
Времетраење: 114 минути
Јазик: англиски
Премиера: 29 мај 2015
Жанр: акција, драма, трилер
Наша оценка: 9/10
Ваша оценка:
Интересно е колку многу се луѓето фасцинирани од уништувањето на планетата. Особено ако тоа доаѓа природно. Токму затоа и воопшто не изненадува фактот што дел од најпопуларните филмови вклучуваат масовно уништување и соочување со апокалиптични сценарија од библиски пропорции. Токму овој филм е еден од тие. Станува збор за брза акција, каде што во секој момент нова опасност излегува од зад следниот агол и води чекор понапред кон безнадежност за спас. Но, тоа веднаш се менува кога главните ликови, поточно херои, носат бестрашни и храбри одлуки кои им даваат барем уште една шанса за преживување.
Бидејќи филмот се врти околу ликот кој го толкува Двејн Џонсон, веднаш можете да претпоставите дека станува збор за одличен филм. Тој навистина знае да направи добар избор кога одбира филмови. Приказната започнува со еден од најголемите и најзастрашувачките земјотреси со кои Калифорнија, па и светот некогаш се соочил. Самиот земјотрес предизвикал огромна штета, но проблемите не завршуваат таму. По него следат голем број помали земјотреси, повторно со застрашувачка моќ, како и други проблеми кои дополнително ја влошуваат ситуацијата, доведувајќи ги жителите на оваа област во смртоносна позиција. Со неколку зборови, филмот е толку брз и динамичен, што воопшто нема ни да забележите кога ќе помине.