Филм: Робокап (Robocop)

Филм: Робокап (Robocop)

Кој ја има контролата, човекот или машината?

Филм: Робокап (Robocop)Режија: Жозе Падиља

Улоги: Џоел Кинаман, Гери Олдман, Мајкл Китон

Времетраење: 117 минути

Јазик: англиски

Премиера: 12 февруари 2014

Жанр: акција, авантура, научна фантастика

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (12 гласа, просек: 6,50 од 10)
Loading...

Понекогаш навистина изненадува фактот што дел од најуспешните нови филмови се преработки на стари успеси, но Холивуд изгледа дека е добро запознаен со овој феномен, па токму затоа се обидува да го искористи најмногу што може. Овој пат станува збор за познатиот Робокап, полицаецот Алекс Марфи (Џоел Кинаман), кој е половина човек, половина робот.

Филм: Робокап (Robocop) Филм: Робокап (Robocop)

Во овој филм, дејството се одвива во Детроит, во 2028-та година. Фирмата за производство на роботи, Омникорп, во моментот е на првото место кога станува збор за чување на мирот надвор од Америка. Тие заработуваат милиони долари за машините кои ги праќаат наместо војници во кризните области. Сакајќи да ја зголемат својата заработка, тие почнуваат да се борат и за дозвола за употреба на роботите на американско тло.

Филм: Робокап (Robocop) Филм: Робокап (Robocop)

Но, изгледа дека луѓето не сакаат заштитници кои немаат срце, кои не знаат за чувства како на пример, за емпатија и за каење. Без разлика на нивната напредност во однос на тактичките способности, тие сметаат дека роботите не би можеле правилно да ја завршуваат својата работа поради недостатокот на човечноста. Поради овој проблем, Омникорп решаваат да направат нов дизајн на робот со надеж дека ќе го променат мислењето на јавноста, за кој ќе им треба жив човек.

Филм: Робокап (Robocop) Филм: Робокап (Robocop)

Тие долго време ќе бараат соодветна личност за нивниот нов проект, личност која ќе го има потребниот тренинг, но и која ќе биде психолошки стабилна. За нивна среќа, Алекс Марфи, кој со својот партнер ќе влезат во трага на озлогласени криминалци, ќе заврши во болница, во критична состојба, притоа овозможувајќи им на Омникорп совршен човек за нивниот робот. Сѐ што останува е неговата жена да се согласи на проектот и да го препушти животот на Алекс во рацете на брилијантниот научник д-р Денет Нортон…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар