Филм: Омразената осумка (The Hateful Eight)

Филм: Омразената осумка (The Hateful Eight)

Филм за двајца ловци на награди кои ќе се најдат во ситуација без излез

(1) Филм: Омразената осумка (The Hateful Eight)Режија: Квентин Тарантино

Улоги: Семјуел Л. Џексон, Курт Расел, Џенифер Џејсон

Времетраење: 187 минути

Премиера: 30 декември 2015

Јазик: англиски

Жанр: криминал, драма, мистерија

Наша оценка: 6/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (8 гласа, просек: 9,13 од 10)
Loading...

Кога ќе влезете во кино со цел да гледате филм од Квентин Тарантино, треба да бидете подготвени за неколку факти: Тој филм ќе биде добро составен, ќе има голема доза насилство и ќе се обиде да поправи одредени грешки во минатото. Со неколку зборови, тој се однесува како бог на киното, играјќи си со различни нереални исходи на застрашувачки вистински сценарија, притоа правејќи го светот подобро место за живеење.

(2) Филм: Омразената осумка (The Hateful Eight) (3) Филм: Омразената осумка (The Hateful Eight)

Овој пат станува збор за мистерија во затворен простор, која е делумно вестерн, делумно расистичка приказна за одмаздата. Повторно ќе кажеме, бидејќи станува збор за Квентин Тарантино, очекувајте најразлични начини на убивање, проследени со многу крв и сцени кои не се за оние со слабо срце, додека истовремено ќе се смеете поради соодветната доза хумор внимателно вметната во најтрагичните моменти.

(4) Филм: Омразената осумка (The Hateful Eight) (5) Филм: Омразената осумка (The Hateful Eight)

Што се однесува до самата приказна, таа се одвива премногу бавно, па на моменти можеби ќе губите фокус и ќе заборавате на оние нешта кои веќе се случиле, а кои влијаат на следните. Целата идеја е да размислувате што се случува во позадина, но поради фактот што станува збор за 187 минути, треба да имате многу трпение за да издржите до крајот. Сепак, тоа не значи дека треба целосно да го отфрлите овој филм. Моќниот избор на актери е една од оние нешта поради кои дефинитивно не треба да го пропуштите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар