Филм: Џобс (jOBS)

Филм: Џобс (jOBS)

Биографија за легендата во иновациите и бизнисот

Филм: Џобс (jOBS)Режија: Џошуа Мајкл Стерн

Улоги: Ештон Кучер, Дермот Малруни, Џош Гад

Времетраење: 128 минути

Јазик: англиски

Премиера: 16 август 2013

Жанр: биографија, драма

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка:1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (12 гласа, просек: 6,33 од 10)
Loading...

Стив Џобс е иконата на корпоративна Америка. Тој е пример за човек кој сака да направи промени во светот, влегува во бизнисот поради тоа и успева. Згора на сѐ, после некое време некој неспособен го брка од неговата компанија, а тој по неколку години воскреснува враќајќи се на истото место, со истите идеи и страст да остави белег со своите иновации.

Филм: Џобс (jOBS)

Не е спорно дека Стив Џобс беше еден од оние големи иноватори, визионери и лидери во бизнисот. Како таков и е претставен во филмот. Секогаш визијата му е на прво место, одличен преговарач е, доста ја користи интуицијата, бројките не го интересираат премногу и вечно се бунтува против оние кои сакаат „да ја доведат компанијата во ред“. Стив Џобс во „Џобс“ е лик чиј жар во работата е инспиративен за неговата околина.

Филм: Џобс (jOBS)

Тоа е доста нагласено, па можеби затоа на моменти филмот делува како да претерува со идеализирањето на неговиот лик и дело. Тој навистина беше харизматичен лидер, но за него е познато и тоа дека не бил секогаш фин со своите подредени. Во филмот има сцени кои се обидуваат да го доловат тоа, но се ретки и немаат некој особен интензитет кој би оставил впечаток. Авторите на филмот со неговиот лик и дело постапуваат како и со секој друг неодамна починат човек: ја сокриваат неговата темна страна и на публиката ѝ ги прикажуваат само убавите работи по кои тој ќе се памети.

Филм: Џобс (jOBS)

„Џобс“ е редица на хронолошки настани кои го опфаќаат животот на главниот лик од неговите студентски денови, па сѐ до моментите кога создава историја. Придружуван со музика од седумдесеттите, сиот акцент е ставен на неговиот лик, одигран од Ештон Кучер. Малку е необично да се види Кучер во улога на сериозен и зрел човек, а и не зрачи со харизмата на вистинскиот Стив Џобс, па што поради него, што поради самото сценарио ова не е една од оние врвни биографии од типот на „Линколн“ или „Социјална мрежа“. Но во секој случај вреди да се погледне… барем додека на излезе уште некој филм посветен на Стив Џобс.

Филм: Џобс (jOBS)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар