Филм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)

Филм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)

Епска драма за поврзаноста меѓу минатото, сегашноста и иднината

Филм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)Режија: Том Тиквер, Енди Вачовски, Лана Вачовски

Улоги: Том Хенкс, Хали Бери, Хуго Вивинг, Џим Броудбент, Џим Старџис, Хју Грант

Времетраење: 172 минути

Јазик: англиски

Премиера: 26 октомври 2012

Жанр: научна фантастика, мистерија, драма

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (24 гласа, просек: 9,42 од 10)
Loading...

Не е лесно да се најдат зборови со кои прецизно може да се опише искуството од гледањето на „Атлас на облаците“ (Cloud Atlas). Истражувајќи подрачја кои за филмската индустрија досега биле непознати или малку познати, овој филм изгледа како да е сам во својот жанр.

Филм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)

Дејството е извонредно креиран мозаик од шест различни приказни сместени на шест различни локации во шест различни времиња. Истите ликови се провлекуваат низ сите приказни кои се поврзани меѓу себе така што нивните дела во една ера оставаат последици врз нивните наследници во идните светови. Така, гледаме како карактерите се менуваат низ времето или како еден чин на добрина предизвикува бројни позитивни реакции во иднина.

Филм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)

Овде не може да се зборува за хронолошко одвивање на дејството како што сме навикнале од другите филмови, затоа што авторите постојано нè носат од една во друга ера. Но, од труењето на млад адвокат во деветнаесеттиот век, преку неприликите на еден музичар во 1936 година, па сè до пост-апокалиптичниот Хаваи каде што останале дел од последните луѓе на овој свет – сите се поврзани. Во поврзувањето на настаните од различни ери многу помагаат и некои мудрости кои ликовите незабележливо ги кажуваат низ дијалозите.

Филм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)

Покрај уникатниот начин на прикажување на настаните, овој филм брилира и во поглед на техничките ефекти. Ако сакате реални сцени од измислени светови, тогаш оние од „Атлас на облаците“ несомнено ќе ве воодушеват. Сепак, не останува сè само на компјутерските анимации. Овде е собрана фантастична актерска екипа која извонредно си ја врши работата, при што секој од нив толкува по неколку ликови.

Филм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)

Сето ова може да звучи комплицирано, но сигурно нема да ви биде здодевно. Иако трае без малку три часа, еднаш штом го сфатите дејството тоа ќе се претвори во забавно филмско доживување. Не е од оние филмови кои мора да се гледаат по повеќе пати за да се разберат, но сепак морате да бидете трпеливи со него. Неговата тежина е слична со онаа на Дрвото на животот (Tree of Life) или Господин Никој (Mr Nobody). Затоа, препорачливо е кога ќе седнете да го гледате да имате желба да погледнете токму ваков тежок филм и да бидете добро одморени. Оваа епска драма добро ќе ви возврати за тоа.

Филм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар