Деветте најочекувани филмови оваа зима

Деветте најочекувани филмови оваа зима

Иако најголемите филмски хитови се поврзани со летото, тоа не значи дека есента и зимата не носат ништо интересно на ова поле. Напротив, има многу поинтересни филмови што треба да се изгледаат во наредните неколку месеци, а за нив може да прочитате подолу.

1. „Извадете ги ножевите“ (Knives out)

Овој филм е мистерија со класичен заговор како оној од романите на познатата Агата Кристи и ни носи ѕвездена актерска екипа и добро познато име зад режисерското „кормило“.

Приказната за убиството на писателот на крими-романи во неговиот дом ја раскажува Рајан Џонсон, некогаш сакан од публиката заради „Убијци од иднината“, сега малку омразен заради осмото продолжение на сагата „Војна на ѕвездите“.

Улогите ги толкуваат Даниел Крег, Крис Еванс, Џејми Ли Кертис, Тони Колет, Мајкл Шенон, Ла Кит Стенфилд и Ана де Армас.

2. „Двајцата папи“ (The Two Popes)

Двајцата одлични актери во насловните улоги веќе толкуваа контроверзни религиозни водачи, па не се сомневаме дека и тука ќе имаат одличен настап.

Ентони Хопкинс и Џонатан Прајс ќе го оживеат на „големото платно“ историското ривалство што постоело помеѓу папата Бенедикт и кардиналот Берголи, кој подоцна стана познат како папата Франциско.

3. „Мачки“ (Cats)

Ако веќе не сте запознати со дејството на оваа адаптација на познатиот мјузикл на Ендру Лојд Вебер, не бидете изненадени ако „трејлерот“ ве остави прилично збунети.
Во него, може да видите актери кои стојат помеѓу нивната природна состојба и анимираната „мачкаста“ верзија, која потсетува на детски кошмар. Се очекува многу од екипата составена од Тејлор Свифт, Џенифер Хадсон, Идрис Елба, Ијан Макелен, Џуди Денч и многу други.

4. „Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер“ (Star Wars: The Rise of Skywalker)

Се работи за филмот кој конечно треба да стави крај на оваа сага (или не?) и да одговори на многу од прашањата поставени во претходните две продолженија.
Не се сомневаме дека овој филм ќе ги подели и обожавателите, но останува прашањето дали некој друг „ќе ги трие рацете“ на крајот, освен Дизни, кој секако очекува полни сали на крајот од оваа година.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар