Американска пита: 13 години од матура (American Reunion)

Американска пита: 13 години од матура (American Reunion)

13 години по матурирањето, откачените јунаци пак се собираат за да се присетат на лудите авантури од минатото… и да доживеат нови

Американска пита: 13 години од матура (American Reunion)Режија: Џон Хурвиц и Хејден Шлосберг

Улоги: Џејсон Бигс, Алисон Хенигaн, Шон Вилијам Скот, Тара Рид

Времетраење: 113 минути

Јазик: англиски

Премиера: 6 април 2012

Жанр: комедија

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (49 гласа, просек: 9,12 од 10)
Loading...


Ако лудо сте се смееле на претходните делови од „Американска пита“, насловот ќе биде доволен да ве натера да го изгледате и ова продолжение. А има и зошто! Случувањата на годишнината од матура на старото друштво се полни со хумор, па така оваа комедија значително отскокнува од останатите кои се снимаа во последниве неколку години, а на кои генерално им недостигаше токму овој елемент.

13 години откога започнавме да ги следиме авантурите на групата пријатели од малото гратче во Мичиген, оригиналната екипа актери од првиот дел се собира на покрај езерото на годишнина од матура, во обид да поминат уште еден луд и незаборавен викенд како во старите добри времиња.



Приказна: За разлика од претходните делови на „Американска пита“, во овој следиме веќе возрасни луѓе кои влегуваат во зрелите години од животот. Џим е во брак со Мишел и имаат мало дете, исто како и Кевин и неговата сопруга, додека Оз има свое спортско шоу на телевизија и сериозна љубовна врска. Верувале или не, Стифлер се вработил во голема компанија, а Финч ги воодушевува сите со приказните за неговиот пат околу светот, но сè уште копнеејќи по Стифлеровата мајка.Американска пита: 13 години од матура (American Reunion)Иако поминало долго време од нивната последна средба, кога ќе се сретнат во Ист Грејт Фолс, блискоста на дружината дава впечаток дека никогаш не се разделиле. Главната забава е закажана за крајот на викендот, а дотогаш ќе се среќаваат со старите љубови од средношколските денови (повторно со оригиналната екипа од првиот дел), ќе евоцираат спомени и ќе си раскажуваат за тоа кого каде го однел животот во изминатите години. Набргу ќе сфатат дека главната средношколска грижа да најдат девојка сега е заменета со проблемите кои ги носи животот на возрасните, како бракот, децата и кариерата.Американска пита: 13 години од матура (American Reunion)Американска пита: 13 години од матура (American Reunion)И баш кога се чини дека тоа ќе биде уште една вообичаена годишнина од матура во која сè се врти околу спомените, се појавува Стифлер и започнуваат вистинските лудории. Тој, секако, сè уште не пораснал, па ќе му биде многу лесно да смисли нови финти со кои ќе прејде некој и уште полесно ќе се вклопи помеѓу денешните матуранти на забавите. За негова несреќа, во овој дел нема доволно „напалени“ тинејџери на кои тој ќе им помага да фатат девојка, но овој пат таа улога ќе ја одигра татко му на Џим, чија сопруга починала пред три години.Американска пита: 13 години од матура (American Reunion)Американска пита: 13 години од матура (American Reunion)Американска пита: 13 години од матура (American Reunion)Нема да откриваме повеќе, туку ќе ве оставиме сами да ги изгледате смешните сцени со кои изобилува филмот.Американска пита: 13 години од матура (American Reunion)Кога и како да го гледате: Не е важно кога ќе го гледате, туку важно е да го гледате во друштво. Целата приказна се врти околу лудориите на група пријатели, па разбирливо е дека вашето друштво е идеално за споделување на впечатоците од филмот и пред сè, смеата предизвикана од неговата содржина.Американска пита: 13 години од матура (American Reunion)



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар