8 филмови кои треба да ги гледате со својата сестра

8 филмови кои треба да ги гледате со својата сестра

Сестринската љубов е нераскинлива врска за која пријателките само сонуваат, а ретко од нив тоа и го доживуваат. Сестрите, освен истите родители, ги врзуваат спомените од детството, приказните пред спиење, незаборавните летни и зимски одмори, кражбата на облека, најсмешните шеги и најдобрите утехи кои ги направиле оние личности кои се денес често неразделни.

8 филмови кои треба да ги гледате со својата сестра

Доколку имате сестра, тогаш добро ви е позната приказната за најдобрата пријателка со која го делите целиот свој живот и многу сличен генетски код кој може да ви го спаси животот, на овој или оној начин, независно од тоа дали ја заслужувате или не. Честопати, односот со сестрите се зема здраво за готово, но токму таа е онаа личност која најчесто сакате да ја видите и слушнете, особено кога имате потреба некому да се доверите. Ако вака се чувствувате и за вашата сестра, тогаш треба да поминувате повеќе време со неа и да се дружите што почесто. Затоа, филмските вечери се идеални, па во продолжение прочитајте ги 8-те филмови кои треба да ги гледате со својата сестра.

1. Во нејзините чевли (In Her Shoes)

Смирената Роуз ги прекинува врските со својата сестра Меги која обожава да се забавува, по еден инцидент во кој било вмешано момчето на Роуз. Ладната атмосфера е скршена со доаѓањето на Ела, бабата за која ниту една сестра не знаела дека постои.

2. Сестри (Sisters)

Две сестри одлучуваат да направат забава за последен пат пред нивните родители да го продадат нивниот семеен дом.

3. Лило и Стич (Lilo & Stich)

Девојче од Хаваи посвојува необично милениче кое е всушност вонземјански бегалец од законот.

4. Хокус Покус (Hokus Pokus)

По три века, три сестри вештерки се вратени во живот во Салем, Масачусетс на Ноќта на вештерките. Двајца тинејџери, едно девојче и бесмртна мачка треба да се обидат да го запрат владеењето на теророт на вештерките еднаш засекогаш.

5. Во Америка (In America)

Едно семејство ирски имигранти се обидуваат да се навикнат на животот во земјата на соништата, додека тагуваат за смртта на своето дете.

6. Рејчел се мажи (Rachel Getting Married)

Млада жена која во последните 10 години е постојано во центри за рехабилитација за да ја излечи својата зависност, се враќа дома за викендот односно за венчавката на нејзината сестра.

7. Чуварот на мојата сестра (My Sister’s Keeper)

Ана Фицџералд се надева да добие медицинска еманципација од нејзините родители кои досега сметале на неа, нивната најмлада ќерка, постојано да ѝ помага на својата сестра Кејт, која боледува од леукемија, да остане жива.

8. Леденото кралство (Frozen)

Кога ново крунисана кралица, Елса без да сака ги употребува своите моќи да ги претвори работите во мраз и да го проколне нејзиниот дом со бесконечна зима, а нејзината сестра, Ана, заедно со Кристоф, неговото милениче ирвас и еден снешко кој зборува, тргнува на авантура да ја пронајде сестра си и да го спаси кралството.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар