5 филмови за љубовните врски и за сексуалноста од кои ќе научите многу работи

5 филмови за љубовните врски и за сексуалноста од кои ќе научите многу работи

Седмата уметност е полна со убави приказни за љубовта и за сексуалноста и со сцени што содржат интимност и сензуалност. Но, не сите филмови и серии се занимаваат со секс и љубов на длабок и поврзан начин. Сигурно и самите сте наишле на експлицитни сцени со секс кои не се придружени со доволно длабока, силна или интересна приказна и на недоволно добро развиени и нереални љубовни врски. Ако сакате да ги погледнете љубовта и сексуалноста од малку поинаков агол, погледнете ги овие филмови што ќе ве забавуваат, ќе ве заинтригираат и ќе ви одржат многу лекции.

„Калифорнизација“ („Californication“)

Хенк Муди е класичен пример на антихерој. Неуспешен писател кој живее на стара слава и со многу пороци, од кои главни се жените, алкохолот и дрогата, ќе ви влезе под кожа иако сè што прави е далеку од морално. Иако многумина го нарекоа провлекувањето на Хенк нереално и можно само на платно, на светот не му недостасуваат мажи кои не можат да останат верни и кои, и покрај неверството и нездравиот начин на живот, продолжуваат да добиваат комплименти од жени и од мажи. Приказната на Хенк не е секојдневна, сепак се одвива под сончевото небо во Калифорнија и вклучува низа луди ликови кои не ги гледате секој ден. Но, и покрај сите необичности, оваа серија ќе ве научи на неколку основни животни лекции. Меѓу другото, таа ќе ве потсети дека животот е премногу краток и затоа треба да го живеете онака како што сакате и дека семејството и вистинските пријатели секогаш треба да ви бидат на прво место.

„Новина“ („Newness“)

Овој филм доби поделени критики. Некои ја нарекоа плитка и неразвиена драма, додека други во неа гледаат реален приказ на интимностa и страстa. Заплетот ги следи Мартин и Габриела, кои се среќаваат преку апликација за состанување и одеднаш се вљубуваат и се поврзуваат. Разговорите се длабоки, сексот е исклучителен и оваа двојка многу брзо помислува дека нивната врска може да трае и двајцата ги бришат профилите од апликацијата за состанување преку која се запознале и одлучуваат да живеат заедно. Но, многу брзо се појавуваат проблеми предизвикани од недостатокот на искреност и сето тоа ги води кон заедничка психотерапија, по што тие одлучуваат да бидат во отворена врска. Овој филм се занимава со расчленување на современите односи, на кои често им недостасуваат искреност и храброст за кажување на вистината. Искреноста треба да биде темел на секоја врска, а овој филм го докажува тоа.

„Мали деца“ („Little Children“)

„Мали деца“ е приказна за нешто за кое никогаш не се зборувало доволно, а тоа е сексуалноста на луѓето кои се родители. Ние самите често ги сметаме сопствените родители за луѓе кои се лишени од сексуалноста, но овој филм покажува до што може да доведе недостатокот на блискост во бракот. Приказната ги следи Сара и Бред кои завршуваат во тајна врска поради незадоволството од сопствените бракови. Заедно со нивната, ќе ја следите приказната за локалниот педофил Рони, кој се бори со својата необичност. Оваа врвна драма ќе го стори сето она што треба и што може да го направи добрата драма. Ќе ве шокира, ќе ве натера да размислите и ќе извлече многу чувства од вас.

„Нормални луѓе“ („Normal People“)

Приказната ги следи Конел и Мериен, кои доаѓаат од сосема различни светови кои се преплетуваат сосема случајно. Меѓу нив се раѓа огромна љубов, привлечност и поврзаност, што не стивнуваат дури ни во моментите на разделба. Оваа серија совршено покажува колку несигурноста и повлекувањето може да ги нарушат односите со луѓето кои ви значат. Прекрасен приказ на интимноста, сексуални сцени што ќе ве маѓепсаат и врска што ќе ве расплаче, но и од која ќе научите многу работи. Оваа серија е дефинитивно една од оние што даваат реален приказ на љубовта и сензуалноста.

„Стаорци на плажа“ („Beach Rats“)

Иако во овој филм речиси и да нема дејство, режисерката Елиза Хитман успева совршено да ги претстави животите на адолесцентите кои не прават ништо и кои нема каде да одат. Главниот јунак Френки е 19-годишно дете од соседството кое продава дрога, се дружи со пријателите и со својата нова девојка. Но, Френки крие уште еден живот во себе. Имено, далеку од очите на јавноста, Френки се среќава со постари мажи со кои има сексуални односи. Но, тој не кажува никому за неговиот внатрешен свет. Тој молчи за својот страв од семејството, сексуалноста и иднината. Оваа бавна приказна совршено ги отсликува проблемите на денешната младина и стравот од осуда што го чувствуваат многу млади луѓе кои не се хетеросексуално ориентирани.

Погледнете ги и овие 5 филмови за развод што ќе ве научат на важни лекции за љубовта и за животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар