20 филмови што секоја жена треба да ги изгледа - Part 3

20 филмови што секоја жена треба да ги изгледа

15. „Елегија“ (Elegy)

(15)20-filmovi-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

Некои филмови навистина знаат како да ја потресат својата публика. „Елегија“ е еден од нив. Ова е приказна за врската помеѓу студент и професор која сигурно ќе ви остане во сеќавање.

16. „Амели“ (Amelie)

(16)20-filmovi-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

Амели, млада девојка од Франција со бујна фантазија открива кутија со стари играчки во нејзината бања. Таа смета дека мора да го врати ова „богатство“ на вистинскиот сопственик. Овој филм ни ги има превртено животите со многу причини. Исто така, невозможно е да се замисли Париз без да ги слушнете прекрасните композиции на Јан Тиерсен.

17. „Мојата недела со Мерлин“ (My Week with Marilyn)

(17)20-filmovi-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

Да се преземе улогата на Мерлин Монро можеби е вистински предизвик, но овде Мишел Вилијамс е совршена реинкарнација на познатата икона. Вреди да го погледнете овој филм – ќе ве натера да поверувате дека и вие можете да ги допрете ѕвездите.

18. „Евита“ (Evita)

(18)20-filmovi-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

Прекрасен мјузикл кој ја раскажува приказната на Марија Ева Дуарте де Перон (или Евита) од Аргентина. Мадона прекрасно ја доловува нејзината приказна прикажувајќи ги сите добри, но и сите мрачни страни кои ги имала Евита, вклучувајќи ги и нејзините стравови и амбиции.

19. „Џиа“ (Gia)

(19)20-filmovi-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

Ако треба еден збор за да се опише овој филм, тоа е извонреден. Во „Џиа“ на публиката ѝ е прикажана грубата вистина за светот на модата. Иако изгледа како прекрасен живот исполнет со фотографирање, социјални настани и модни писти, младата Анџелина Џоли ни покажува дека овој свет е сосем поинаков.

20. „Коко пред Шанел“ (Coco Before Chanel)

(20)20-filmovi-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

Станува збор за приказна за една жена која не се плаши да му се спротистави на конзервативното општество со старомодни сфаќања, тесни корсети и досадни фустани. Одри Тату незаменливо ја одглумува легендарната Шанел.

Доколку ви се допаднаа овие филмови, погледнете ги и следниве 10 инспиративни монолози од женски филмски ликови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар