13 стари филмови кои имаат моќ скоро инстантно да ви го подобрат лошото расположение
7. Волшебникот од Оз (The Wizard of Oz)
Станува збор за филмска класика. Преминот од црно-бел филм во филм во боја секогаш восхитува. Овој филм ќе ве натера повеќе да го цените својот дом.
8. Клубот на беби-ситерки (The Baby-Sitters Club)
Женски пријателства, деведесеттите години, Елен Бурстин како каприциозната сосетка и секако познатата реплика „Тие не се кул. Ние сме кул и никогаш не го заборавај тоа.“
9. Стапица за родителите (The Parent Trap)
Овој филм ќе направи да се чувствувате како вие да сте третата близначка. Едноставно не можете да не уживате во него.
10. Животот е прекрасен (It’s a Wonderful Life)
Овој филм предизвикува солзи додека пиете црвено вино и ги виткате божиќните подароци. Секоја година.
11. Главна сцена (Center Stage)
Сериозно? Танцување и љубовна приказна? Па, не може да биде подобро од тоа.
12. Свадбата на мојот најдобар пријател (My Best Friend’s Wedding)
Шармантна приказна во која се чувствува сиот сјај на деведесеттите години. Зарем би можеле да посакате нешто повеќе?
13. Кога Хари ја сретна Сали (When Harry Met Sally)
Њујоршката квинтесенција, хемијата и играта со зборови помеѓу Били Кристл и Мег Рајан, модата, крајот… Сѐ во овој филм е прекрасно.