10 одлични филмови за Денот на вљубените

10 одлични филмови за Денот на вљубените

Денот на вљубените наближува, а секој ќе го слави различно. Некои ќе прославуваат со романтична вечера, некои може ќе отидат на некое патување, но има и такви кои само ќе сакаат да изгледаат некој добар филм со партнерот. Ако спаѓате во последната категорија, погледнете ги овие неверојатни филмови кои ќе ве забавуваат за Денот на вљубените.

1. „Казабланка“ (Casablanca)

10 одлични филмови за Денот на вљубените

Многумина го сметаат овој филм за најромантичен на сите времиња. Хемфри Богарт и Ингирд Бергман одлично ги прикажуваат љубовниците кои би имале иднина ако животот не застанел меѓу нив. Филмот е полн со класични романтични изреки кои сигурно ги имате слушнато дури и ако не сте го изгледале. Без разлика колку пати го гледате филмот, секогаш ќе ви изгледа целосно нов.

2. „Само љубовниците опстануваат“ (Only Lovers Left Alive)

10 одлични филмови за Денот на вљубените

Во главните улоги ги гледаме Тилда Свинтон и Том Хидлстон како бесмртните вампири Адам и Ева. Но, наместо митови за вампири, во овој филм е обработена темата за тоа што би правеле со целото време кое би го имале ако сме бесмртни. Адам и Ева се во брак стотици години и го поминуваат времето со уметност, читајќи книги на разни јазици и компонирајќи музика. Нивната врска, иако многу долга, не ја изгубила својата страст.

3. „Кралство на изгревот на месечината“ (Moonrise Kingdom)

10 одлични филмови за Денот на вљубените

Овој романтичен филм ја раскажува приказната за две деца кои имаат 12 години и кои живеат на остров во Англија. Тие се вљубуваат и заедно бегаат токму во периодот кога треба да има историска бура. Овој филм е потсетник дека љубовта може вистински да се почувствува на која било возраст.

4. „Едвард раце-ножици“ (Edward Scissorhands)

10 одлични филмови за Денот на вљубените

Едвард е отфрлен од сите бидејќи е многу поразличен – место раце има ножици. Една тинејџерка, која е навистина чувствителна и со емпатија која ја наследила од својата мајка, се вљубува во Едвард бидејќи наоѓа убавина во неговата чудност. Зарем не сакаме сите партнер кој ќе ја види убавината во нас? Оваа романтична драма ги спои Џони Деп и Винона Рајдер како пар за кој сите се надеваа дека ќе опстане.

5. „Сината е најтопла боја“ (Blue Is the Warmest Color)

10 одлични филмови за Денот на вљубените

Филмот е направен според истоимената графичка новела и ја раскажува приказната за средношколката Адел која е несигурна за својата сексуалност. Таа се вљубува во студентка по уметност со сина коса која се вика Ема. Адел мора да ја крие својата сексуалност и врска од пријателите и семејството, додека опкружувањето на Ема не го бара тоа. Филмот привлече доста внимание поради експлицитните секс сцени, но и поради неверојатната приказна.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар