КАФЕ ПАУЗА

Category: Овен

  • Риби и овен – љубовна комбинација

    Риби и овен – љубовна комбинација

    Љубовната врска составена од партнери со хороскопски знаци овен и риби, може да биде многу здрава за двајцата партнери. Овенот е силен знак, кој речиси секогаш се потпира на своите инстинкти и ги следи без два пати да размисли за евентуалните последици од сопствените постапки. Мечтателната риба е помирна и интерна личност, па не е изненадувачки што таа е нарекувана „поетот во зодијакот“.Риби и овен – љубовна комбинацијаОднадвор овенот и рибата може да изгледаат како неинтересен пар, но ако меѓу нив постои вистинска љубов, овие партнери можат меѓусебно да си ги остварат сите нивни соништа. Рибата е генерално многу интуитивна личност, дури и на љубовен план може да ги предосети емоциите и моменталното расположение на својот партнер, благодарение на што честопати умее да воспостави баланс и хармонија во нивниот однос. Овенот пак е независен лидер, кој постојано покрева иницијатива за остварување на неговите планови и желби, но треба да внимава да не изгледа себично и скржаво во очите на рибите.rnrnКога овенот ќе констатира дека некоја особа му е многу атрактивна, тој инстантно „трга во акција“ на освојување на истата, без грам двоумење. Кога „жртвата“ е нежната личност со хороскопски знак риба, овенот се става себеси во улога на нејзин заштитник. Интересната работа е тоа што вистинскиот заштитник во оваа врска е токму рибата, бидејќи е интуитивна личност, која умее да го разбере нејзиниот „бурен“ овен на едно длабоко ниво и да му обезбеди релаксирачко засолниште во нејзините прегратки.rnrnДарежливата риба знае толку да се соживее, да сочувствува со емоциите на другите луѓе, што понекогаш може да почне да се чувствува како черга за бришење чевли. Таа тотално се предава на нејзиниот партнер и ако тој не го направи истото, може да настанат проблеми во нивната врска. Но, способноста на рибата да го разбира овенот подлабоко, во однос на повеќето хороскопски знаци, може да го ублажи ваквиот проблем. Рибата меѓу другото знае како да го спречи овенот да постане премногу наметлив и непромислен. Кога се испреплетуваат директниот пристап на овенот и интуитивното разбирање на емоциите на другите луѓе од страна на рибата, овие партнери, со заеднички сили формираат динамичен тим.rnrnОвенот е управуван од планетата Марс која ја симболизира неговата страст, а рибите од Јупитер (среќа) и Нептун (илузија). Марс внесува страсна активност во „сонливиот“ Нептун. Тоа значи дека овенот може да и помогне на рибата да ги претвори нејзините фантазии во реалност. Јупитер од своја страна и овозможува на рибата да биде способна да ја ублажи преголемата искреност и отвореност на овенот.rnrnВо ова љубовно партнерство можни се недоразбирања одвреме-навреме, но во секој случај овенот и рибите може да бидат одличен тим. Рибата може да му помогне на овенот да се опушти малце и да му покаже како да научи да ги „слуша“ емоциите на другите луѓе. Овенот од своја страна, пак, може да и покаже на рибата како да излезе надвор во реалниот свет и да презема ризици кои навистина би и се исплатиле и би и донеле успеси. Ова е навистина корисна лекција за рибата, која дефинитивно е доволно мудра да процени кои ризици е добро да ги преземе, а кои е најдобро да ги избегне. За да успее нивната љубовна врска, овенот и рибата треба да научат добро да преговараат и така да ја потврдат и одржат нивната хармонија.rnrnЗа разлика од овенот, рибата не чувствува потреба да биде лидер во врската. Таа сака да ја „подаде нејзината рака“ секаде каде што е тоа потребно, но не сака да биде главен координатор на проекти, што е добро бидејќи овенот ја сака таа позиција за себе. Благодарение на нивните различни потреби и очекувања во хиерархијата на нештата, овие два знака заеднички можат да успеат да создадат хепиенд на секоја задача на која ќе решат да работат.rnrnНајдобриот аспект од љубовното дуо риби-овен, е тоа што овие двајца партнери имаат да научат многу еден од друг. Рибата го учи овенот како да се грижи и да сочувствува со другите луѓе. Овенот ја учи рибата како да си ги оствари нејзините соништа, а не само да мечтае за нив. Нивната љубов е дефинитивно базирана на меѓусебно давање.

  • Водолија и овен – љубовна комбинација

    Водолија и овен – љубовна комбинација

    Љубовниот пар сочинет од партнери со хороскопски знаци водолија и овен е многу креативен и оригинален, како резултат на одличната визија која ја поседува водолијата и енергичноста на овенот. Оваа врска е сè само не статична. Партнерите имаат тенденција постојано меѓусебно да се натпреваруваат, поради што никогаш не може да им здодее еден од друг. Овенот и водолијата се пред сè многу добри другари, бидејќи умеат одлично да комуницираат.Водолија и овен – љубовна комбинацијаОвие два знака имаат посебна конекција. Секој од нив има големо разбирање за идеалите и ентузијастичкиот поглед кон животот на партнерот. И двајцата се во вечна потрага по нови возбудливи животни искуства кои ќе им го покачуваат адреналинот – колку се истите пооткачени и поневообичаени, толку подобро. Двата знака ја сакаат возбудата и сакаат да се перчат.rnrnПовеќето љубовни парови сочинети од водолија и овен, се базирани на меѓусебна почит и восхит. На овенот му се допаѓа уникатноста која ја има во себе водолијата, како и нејзината креативна визија. Водолијата пак, ги обожава иницијативноста, енергичноста и живоста кои ги поседува овенот – самата таа има одлични идеи, но понекогаш има проблем да ги спроведе на дело.rnrnСо оглед на фактот дека двата знака високо ја ценат независноста, тенденцијата на овенот кон посесивност во врската, може да ја направи водолијата да стане резервирана, повлечена и рамнодушна, што е нејзина тактика за самозаштита. И покрај тоа што овие два хороскопски знака имаат неверојатна конекција, тие имаат сосема различни погледи кон светот и тоа тие мораат да го сфатат и прифатат. Водолијата може да смета дека овенот премногу и се меша во одлуките според нејзин вкус, а овенот пак може да ја смета водолијата за премногу непредвидлива во нејзините постапки. По се изгледа водолијата е единствениот хороскопски знак кој го победува овенот кога станува збор за спонтаност. Сè додека двата партнери ја вреднуваат нивната врска и се трудат да ја одржуваат цврста, таква и ќе биде.rnrnОвенот е предводен од планетата Марс (страст), а водолијата е управувана од планетите Сатурн (карма) и Уран (бунт). Водолијата ја има својата голема, прогресивна визионерска особина, благодарение на влијанието на Уран, а нејзината морална свест и човекољубие од Сатурн. Марс пак од своја страна, е одличен додаток на овие две планети – внесува страст и желба за акција во идеалите и благородните мисли на водолијата.rnrnОвенот и помага на водолијата да напредува, а водолијата му помага на овенот да смислува оригинални идеи и да ги реализира. Водолијата интелектуално го стимулира овенот, нешто што повеќето други хороскопски знаци не успеваат да го сторат. Овенот за возврат и ја потхранува самодовербата на водолијата да ги презема предизвиците кои и се испречуваат на патот, наместо само да седи и да се труди да смислува нови идеи. Од друга страна, водолијата може да му помогне на овенот да се стабилизира и да ги комплетира зацртаните планови, наместо да скока од еден на друг, пред да ги реализира старите. Двата знака имаат широк спектар на интереси, па ментално активната водолија во комбинација со физички активниот овен, без сомнение ќе уживаат во многу заеднички авантури.rnrnОвие два знака имаат огромна почит и високо мислење еден за друг, што им помага да ги надминат сите евентуални пречки во нивната врска. Најдобриот аспект од оваа љубовна комбинација е способноста на овие два знака да успеат да реализираат сè што ќе наумат, кога работат заеднички кон остварување на некаква цел. Нивната врска е истовремено визионерска и практична, што и дава една уникатност и сеопфатност.

  • Јарец и овен – љубовна комбинација

    Јарец и овен – љубовна комбинација

    Кога овен и јарец се заедно, тие мораат да работат напорно за да ја одржат нивната љубовна врска на цврста подлога. Нивните погледи кон животот се речиси спротивни. Овенот секогаш е во насока на реализирање на неговите планови, без да се замара со целта што сака да ја постигне со нивното остварување. Од друга страна, јарецот постојано некого или нешто осудува, без разлика колку ќе има корист од тоа.Јарец и овен – љубовна комбинацијаОвните се брзи, енергични и преземаат иницијативи. Јарецот сака да презема ризици, но никогаш не избрзува во дефинирањето на неговите цели, туку неуморно работи во насока на нивна реализација. Неговите амбиции најчесто се насочени кон напредок на кариерата или статусот во општеството. Двајцата партнери секогаш знаат кон што целат, но нивните интереси се најчесто тотално спротивни. Јарецот генерално е тивок, воздржан и скромен, додека овенот е зборлест, бучен и наметлив. И двата знака се многу тврдоглави и мислат дека нивниот начин е најдобар, па затоа за да можат добро да функционираат заедно, мораат да го прифатат фактот дека честопати ќе имаат несогласувања во нивната врска. Тоа е така, бидејќи тие имаат навистина различни животни филозофии. Овенот работи кон реализирање на плановите на краток рок, додека јарецот инсистира да ги следи правилата на игра и да чекори по веќе испробан, безбеден и вистински пат кон успехот.rnrnСе прашувате како овие различни карактери би се искомбинирале во една љубовна врска? Еве како: овенот е импулсивен, страстен, брз и бурен и никогаш не престанува да мисли дали љубовниот партнер кој го избрал е вистинскиот за него. Јарецот пак сака да анализира и испита колку неговиот потенцијален партнер ќе биде способен да му помогне да напредува во животот и резултатот од тоа „истражување“ ќе го искористи за да одлучи дали вреди да продолжи да се бори за таа врска или не. Ако овенот и јарецот подобро се запознаат и решат да ја одржуваат нивната врска на долг рок, тие можат меѓусебно да се научат на многу работи, кои не би успеале да ги сфатат сами.rnrnОвенот е управуван од планетата Марс, која е симбол на страста, додека јарецот е предводен од Сатурн, кој симболизира карма. Овие две планети обично работат една против друга, освен ако овенот и јарецот не решат заеднички да се изборат за пронаоѓање на еден заеднички јазик. Овие два знака можат дефинитивно да си помагаат еден на друг, особено кога станува збор за професионални работни задачи. Јарецот има голема моќ на издржливост, упорност и истрајност, но овенот ја има потребната енергичност за да ја заврши работата до крај. Овие партнери можат да бидат подобро дуо на работното место, отколку во спалната соба. Двата партнери се решителни и ниеден од нив не се откажува брзо.rnrnАко нивната заедничка енергија не е насочена во позитивна насока, овие двајца партнери можат да бидат сурови, груби, дури и насилни еден кон друг или во најдобар случај меѓусебно да си предизвикаат потиснување на нивните емоции. Овенот мора да води сметка да не работи против својот партнер, додека јарецот мора да се грижи да не ја убива огнената енергија која ја поседува овенот. Додека овенот е динамичен и активен, јарецот е поприземен и практичен. Јарецот во поглед на дефинирање на неговите цели си го поставува прашањето: „Како ова ќе ми помогне да ги остварам моите најголеми животни планови“, додека на овенот едноставно му текнува што му се прави во моментот и трга во акција без изготвен план во мислите.

  • Стрелец и овен – љубовна комбинација

    Стрелец и овен – љубовна комбинација

    Љубовната врска сочинета од партнери родени во хороскопските знаци стрелец и овен може да постане љубов од соништата, бидејќи овие два знака имаат многу заеднички работи. Како резултат на нивните слични енергии, интереси и ниво на моќ, овие партнери се високо компатибилни. И стрелецот и овенот се пионери и истражувачи, а тие нивни карактери ја прават оваа врска страсна и возбудлива, во која тие се секогаш подготвени заеднички да се впуштат во некоја нова авантура.Стрелец и овен – љубовна комбинацијаДвата знака копнеат за животно искуство кое ќе го осетат на сопствена кожа и не сакаат да си го трошат времето читајќи или слушајќи други луѓе кои ги прераскажуваат нивните животни приказни. Во секој случај, овие партнери мораат да бидат и внимателни, со оглед на тоа дека овенот секогаш избрзува, а стрелецот има тенденција да забележи сè освен очигледното. Воедно, без разлика што овие партнери имаат многу заеднички работи, одржувањето на нивната врска на долг рок може да им претставува проблем, бидејќи обајцата имаат огромна енергија да започнуваат нови работи, но немаат голема волја да ги истераат до крај. Како и да е, тие имаат потенцијал да бидат не само одлични љубовни партнери, туку и најдобри другари, бидејќи го разбираат нивниот заеднички оптимистички поглед кон животот.rnrnПроблеми помеѓу нив се појавуваат ретко – кога стрелецот ќе почувствува потреба за слобода и независност, а овенот ќе го „задуши“ со својата посесивност. Овенот исто така е многу почувствителен од забавниот и кокетен стрелец, на кој пак често му се случува „јазикот да му биде побрз од умот“. Добрата работа во сето ова, е дека и двата знака се способни многу брзо да заборават и простат. Тие немаат време да се заморуваат со непријателски однос и чувства на омраза.rnrnОвенот е управуван од планетата Марс (страст), а стрелецот од Јупитер (филозофија и среќа). И двете планети симболизираат силна, мажествена енергија, која им овозможува на обата знака да имаат исто гледиште кон животот. Стрелецот сака да презема ризици, а овенот сака да презема иницијативи, а понекогаш тоа го први дури и на агресивен начин. И стрелецот и овенот се огнени знаци, а нивната врска може да се базира на бесконечна „огнена“ љубов, доколку партнерите го сакаат тоа.rnrnКога овенот ќе „настапи“ со нова, возбудлива идеја за состанок, патување или друг вид авантура, стрелецот е секогаш спремен да се согласи и да ја прифати истата. И двата знака се секогаш активни и имаат неограничен извор на енергија, која ретко кога би штетела на нивната врска. Помеѓу нив никогаш не би се случила борба за моќ, во смисла кој е главен во врската. Овенот сака да ги добие целото признание и слава, а стрелецот е задоволен ако може да ги „контролира конците“ од заднина.rnrnИ овенот и стрелецот се подобри во започнување, отколку во завршување на работите, а тоа може да претставува проблем доколку еден од нив почне да чувствува дека врската станува неинтересна и без свежина. Среќа што таква околност е тешко веројатно да се случи во оваа возбудлива љубовна врска. На овенот лесно му досадуваат работите, но стрелецот секогаш живее со брз и динамичен ритам и успева да ја одржи забавата во нивната врска.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација стрелец–овен е нивниот огромен ентузијазам, непресушна енергија и нагон за авантуристички потфати. Сличните карактери и интереси на овие два знака, се одличен потенцијал за едно прекрасно љубовно гнездо.

  • Скорпија и овен – љубовна комбинација

    Скорпија и овен – љубовна комбинација

    Кога овен и скорпија започнуваат љубовна врска, се запрашуваат како до тогаш живееле разделени. И двата знака ја сакаат моќта и можат да реализираат сè што ќе замислат, сè додека научат како да го делат центарот на вниманието. Скорпијата кога еднаш ќе реши дека сака да биде со овенот, таа е целосно посветена на врската. Од друга страна, овенот не може да ѝ одолее на скорпијата, но не е доволно посветен и предаден на врската. Како резултат на тоа, овие два знака имаат тенденција да запаѓаат во тешки расправии. Страста помеѓу нив е многу голема, што од своја страна доведува до аргументирани караници, со оглед на фактот дека и двата знака имаат љубоморна природа.Скорпија и овен - љубовна комбинацијаСкорпијата обично е потрпелива, но и попосесивна од овенот, па нејзините зборови можат да „печат“ доколку чувствата ѝ се повредени. Наспроти нивните разлики во емотивната преданост во врската, двајцата партнери сакаат да преземаат ризици и да ги користат шансите во животот. Нивните заеднички авантури ја прават оваа врска сé, само не досадна.rnrnТие можат да имаат проблем во комуникацијата бидејќи овенот е екстроверт, комплетно отворен и директен, додека скорпијата е позатворена, емотивна, а на моменти и одмаздољубива. Во некои ситуации, навистина е потребно примирје помеѓу нив двајца, со цел да се „измазнат“ работите.rnrnИ двата знака се предводени од планетата Марс (страст), а скорпијата е предводена и од Плутон (моќ). Кога луѓе со влијание од планетата Марс стапуваат во љубовна врска, тие се како двајца војници на бојно поле – или се сојузници или смртни непријатели. Марс исто така е преставник на страста, што укажува на тоа дека овенот и скорпијата може да уживаат во заеднички поминатото време (и во спалната и надвор од неа). Кавгите се нормална работа, кога станува збор за луѓе кои се ориентирани кон предизвици, а надминувањето на истите е нешто на кое вреди да поработат. Плутон додава екстра интензитет на врската.rnrnОвенот и скорпијата може да имаат успешна врска доколку научат како да соработуваат, комбинирајќи ги емоциите и физичката активност за да ги исполнуваат целите. Скорпијата е стратег и може да му помогне на овенот да ги испланира своите битки, пред да „скокне“ во нив. Таа може да го научи како да се стабилизира и да ги завршува започнатите работи, пред да се втури во нов проект. За возврат, овенот може да ја научи скорпијата да ужива во спонтаноста, односно да прави некои работи само за да стекне ново искуство, а не заради одредена цел. Тој може да ѝ помогне да продолжи да верува и да се надева на успех и среќа, кога нејзиниот труд не се исплател.rnrnОна што е најбитно во оваа љубовна комбинација, е двајцата партнери да функционираат заеднички, а не еден против друг. Кога ќе сфатат дека лојалноста и пожртвуваноста за врската е нивно заедничко чувство, двајцата можат да бидат главни – овенот да биде иницијатор, а скорпијата емоционален лидер. Најдобар аспект од ова љубовно партнерство е комбинацијата од нивните моќи. И двата знака се победници, кои не се откажуваат. Доколку нивната љубов е искрена и длабока, тие ќе се потрудат да ја направат оваа врска број еден.rnrn

  • Вага и овен – љубовна комбинација

    Вага и овен – љубовна комбинација

    Вага и овен се спротивни знаци во зодијакот, а сите знаеме дека спротивностите се привлекуваат. Љубовта помеѓу нив се раѓа уште од самиот почеток, како резултат на нивното огромно уживање во заеднички поминатите мигови. Вагата сака баланс во сè, додека овенот не знае што значи зборот воздржаност. Вагата ја привлекува храброста, решителноста и иницијативноста на овенот, како и неговата подготвеност да презема ризици. Овните се цврсти личности, кои имаат свое мислење за секоја тема, но понекогаш избрзуваат во своите постапки. Вагите пак, се високо интелигентни и аналитични личности кои сакаат да соработуваат и да ги решаваат работите по мирен пат.Вага и овен – љубовна комбинацијаПрисуството на вагата во животот на овенот може многу добро да му влијае, доколку тој научи да ја слуша. Шармантната вага внесува хармонија во врската и таа може да го научи овенот да се однесува со стил. Овенот за возврат може да ја научи неодлучната вага да донесува одлуки базирани на интуиција и да ги претвори идеите во реалност.rnrnОвенот е секогаш добро друштво, од кое не може да ви досади. Вагата е софистицирана личност, која секогаш се труди да биде одмерена во односите со своите пријатели, додека овенот има побунтовен дух кој вагата може да го контролира со својот хумор.rnrnВо кревет, вагата и овенот се страсни љубовници, кои обострано уживаат во нивниот сексуален апетит. Нивните очи може да почнат да „шараат“ по други луѓе, но само доколку им стане здодевно. За да не се случи тоа, овенот и вагата треба да се потрудат да го одржуваат нивниот однос жив и непредвидлив. Вагата сака да стапи во брак кога ќе дојде вистинскиот момент за тоа, но овенот не е сигурен дали сака да биде засекогаш врзан со една личност. Ако вагата сака да го задржи овенот во своите прегратки, ќе мора да го натера да поверува дека идејата за брак била негова.rnrnИ двата знака имаат тенденција да започнуваат работи кои никогаш нема да ги довршат, без разлика дали станува збор за работа или за љубов. Навидум, во нивната врска лидер е овенот поради неговата моќна енергија и способност за убедување, но вагата е интелектуалниот лидер. И двата знака сакаат да ги држат конците во врската, па за да го добие овенот тоа што го сака може да се послужи со закани, а вагата со манипулација. Компромисот е основна алатка која може да го сочува здравиот дух на оваа врска. Среќа што дипломатската вага умее да ги балансира работите, за разлика од овенот кој мисли дека попустливоста значи потчинување. Поради тоа, вагата ќе мора да се труди да ги исполнува желбите на овенот, за да ја задржи хармонијата во врската. Од оваа љубовна комбинација обата знака можат да научат многу, бидејќи секој од нив го надополнува она што другиот го нема.rnrn