На почетокот, љубовната врската помеѓу стрелец и јарец може воопшто да не напредува и партнерите да се чувствуваат како да немаат ништо заедничко. На некој начин, овие два знака се спротивни типови на личности. Стрелецот е енергичен, лекомислен, има чудни идеи, прилично е нетрпелив, постојано сака да учи нешто ново и секогаш импулсивно се впушта во нови работи. Јарецот пак е пасивен, срамежлив, се фокусира на деталите и секогаш бара некој проект, на кој ќе ја употреби целата негова енергија. Токму нивните разлики се причината зошто оваа врска може да успее на долг рок, бидејќи тие можат многу работи да научат еден од друг.
Кога сè уште не се познаваат доволно, стрелецот и јарецот можеби нема да гледаат никаква поента во нивната врска, ниту ќе имаат волја да поминат преку маaните на својот партнер. Стрелецот понекогаш знае да биде нескротлив, а јарецот арогантен и „надуен“. Но, кога еднаш ќе одлучат да престанат да се фокусираат на маaните на својот партнер, стрелецот и јарецот ќе ги увидат нивните поединечни квалитети. Стрелецот може да го научи јарецот да живее „од денес за утре“, радувајќи се на секое ново искуство кое го стекнува во животот и ќе му ја даде на јарецот потребната слобода. Јарецот пак ќе го научи стрелецот да обрнува повеќе внимание на деталите, ќе му помогне да сфати дека малите нешта можат да бидат многу значајни и ќе му даде совети како да ја контролира неговата импулсивност и темпераментност. Стрелецот може да го доживува јарецот како премногу сериозна и одговорна личност, па ќе му помогне да најде начин да се релаксира, разведри и забавува. Јарецот може да го обвини стрелецот дека се однесува премногу бунтовнички и неодговорно. Кога ќе застанат на иста бранова должина, овие партнери всушност можат да научат еден од друг многу убави манири.rnrnСтрелецот е управуван од планетата Јупитер, а јарецот од Сатурн. Јупитер во јарецот внесува потреба за постојано едуцирање и интелектуален развој, како и „среќна ѕвезда“ која може да му донесе успех во животот. Сатурн пак е симбол на амбициозност, одговорност, трудољубивост, посветеност и неуморност – карактеристики кои го одбележуваат јарецот. Нивното меѓусебно влијание може да биде многу позитивно и да ги истакне најдобрите квалитети на двајцата партнери. За да се случи тоа, стрелецот и јарецот треба да научат да се почитуваат и да се повлечат еден чекор назад кога не се согласуваат со мислењето на партнерот, за да се избегнат недоразбирањата.rnrnСтрелецот ќе го научи јарецот како да биде поспонтан, додека истовремено од него ќе „ црпи“ стабилност, одговорност и рационалност. Стрелецот во оваа врска е оној кој прави филозофско истражување и кога ќе дојде до одреден заклучок предлага идеи и нови работни проекти. Јарецот пак се потпира на реалната и фактичка состојба и преферира практично да ја остварува работата.rnrnОвие партнери имаат навистина различна емоционална структура. Додека јарецот размислува за последиците од неговите постапки, стрелецот обожава да истражува, да ја пронаоѓа вистината и да собира искуства, а тоа го прави за свое лично задоволство. И покрај тоа што овие партнери може да имаат проблем да се разберат поради нивните спротивни дефиниции за морал, ако успеат да ги тргнат нивните разлики настрана, тие можат да бидат навистина прекрасен пар, како резултат на нивните комплементарни карактери.rnrnСтрелецот не е секогаш лидер во оваа врска или поттикнувач на мотивација и ентузијазам. Тој едноставно кога има добра идеја на ум и смета дека може да даде свој придонес во реализацијата на истата, ужива да ја зазема таа улога. Стрелецот и јарецот можат успешно да работат кон реализација на заеднички цели и да немаат никаков проблем околу тоа, кој каква улога зазема.rnrnНајдобриот аспект од нивната врска е ефективноста која може да произлезе ако заеднички работат на надминување на малите пречки кои се јавуваат на почетокот на нивното запознавање. Нивните карактери, кои се различни во многу нешта, ја прават нивната љубов вредна, успешна и моќна.
Category: Јарец
-

Стрелец и јарец – љубовна комбинација
-

Скорпија и јарец – љубовна комбинација
Кога скорпија и јарец се заедно, тие не само што уживаат во една хармонична и скапоцена љубовна врска, туку тие истовремено се развиваат и созреваат како индивидуални личности. На почетокот овие партнери можеби ќе бидат премногу воздржани во смисла на отворање на чувствата кон партнерот и тоа може малку да ги обесхрабри. Јарецот има тенденција да биде многу претпазлив и воздржан, а скорпијата често е загрижена и „одлетана“ далеку во мислите. Поради овие карактеристики, ним може да им е потребно време додека да се опуштат и да се чувствуваат удобно кога се заедно.
И покрај тоа што скорпијата и стрелецот се прилично срамежливи и не им веруваат лесно на луѓето за да им се доверат пред да ги запознаат подобро, откако ќе поминат повеќе време заедно, тие ќе сфатат дека нивната врска може да биде многу длабока, базирана на меѓусебна лојалност и искрен другарски однос. Скорпијата и јарецот можат да научат многу работи од нивната врска. Понекогаш можеби ќе им биде тешко да се разберат, но трудот ќе им се исплати.rnrnОд нејзиниот стабилен, вешт јарец, скорпијата може да научи како да ги држи нејзините бурни емоции под контрола. Јарецот треба да биде внимателен да не делува премногу површно кога упатува некои неосновани критики спрема својата сензитивна скорпија. Таа ја сака длабочината на нештата и интензивните чувства, а најмногу од се и е битна искреноста, особено на љубовен план. Јарецот понекогаш е толку зафатен со настојувањето да постигнува успеси и со заморувањето што другите мислат за него, па може да заборави дека воопшто има емоции во него. Од скорпијата, тој ќе научи да ја вреднува суштината на работите и богатото задоволство кое може да произлезе од длабинското запознавање на личноста која ја сакаш.rnrnДвата знака имаат заедничка особина да се посветуваат на конкретни цели кои сакаат да ги остварат. Па ако тие решат дека успевањето на нивната љубовна врска е следната цел која ја имаат зацртано, тогаш нема сила која може да ги сопре. Планетите Марс и Плутон управуваат со скорпијата, а Сатурн со јарецот. Марс и Плутон симболизираат агресија, храброст, сексуална енергија и способност за регенерација. Сатурн ги симболизира упорноста, амбицијата, одговорноста и трудољубивоста. Комбинацијата од овие 3 планети создаваат едно успешно партнерство, базирано на страсните емоции на скорпијата и амбициозноста на јарецот. Ова е динамичен тим одличен за бизнис зделки, но добро би било дел од таа моќна енергија која раѓа успеси да ја преточат во нежност и љубов.rnrnЈарецот е практичен и во животот му е многу значајно да поседува материјални богатства. Скорпијата пак, умее да се прилагоди на секоја ситуација и често нејзината реакција е заснована на чувства, а не на логика. Љубовната врска помеѓу фиксниот јарец и неговото фокусирање кон остварување на поставените цели и адаптибилната скорпија на конкретната ситуација, е прилично мирна и сталожена. Дали овој успешен тим ќе реши да ја пренасочи успешноста и упорноста и на љубовен план, ќе зависи од тоа дали на партнерите љубовта им е една од зацртаните цели. Ако е, тогаш дефинитивно целта ќе биде постигната.rnrnЈарецот можеби не е најромантичниот знак во зодијакот, но неговата вештина и смислата за бизнис може да биде од голема полза за врската, во смисла финансиски да овозможи убаво испланирана елегантна романтична вечера. Ако јарецот покаже барем толку мала иницијатива за продлабочување на нивната љубов, скорпијата со голем ентузијазам ќе ги прифати неговите идеи и ќе биде инспирирана и самата да предложи нешто романтично и забавно за нив двајца.rnrnСкорпијата понекогаш може да му дава некои остри коментари на јарецот, но со толку нежен секси глас, што јарецот најверојатно нема ни да забележи. Пожелно би било за мирољубивиот јарец внимателно да ги слуша суптилните нијанси во гласот на скорпијата и да обраќа големо внимание на говорот на нејзиното тело, за да може подобро да ја разбере. И двата знака знаат да бидат доста тврдоглави, а таа нивна карактеристика може да претставува потенцијален конфликт.rnrnСкорпијата љуби длабоко, со сите нејзини чувства, до степен од кој нема враќање назад, за разлика од „вкочанетиот“ јарец, кој знае да биде „отсутен“, непристапен и резервиран. Партнерите мораат да ги препознаат и прифатат овие нивни разлики и да се обидат подобро да се разберат, по пат на искрени и длабоки разговори, доколку сакаат нивната врска да успее.rnrnНајдобриот аспект од оваа љубовна врска е посветеноста кон реализација на нивните заеднички идеи и нивната посветеност и приврзаност еден кон друг. Овие партнери можат да си ги отворат прозорците на нивните души и меѓусебно да се научат на нови начини на перципирање и чувствување на работите. -

Вага и јарец – љубовна комбинација
Кога вагата и јарецот се во љубовна врска, можат да бидат добар пар, доколку успеат да си ги откријат сличностите кои ретко ги имаат. На површината, овие два знака не можат да бидат поразлични: додека јарецот е тивок и скромен, вагата има тенденција да биде социјална пеперутка, воодушевувајќи се кога е во друштво на други луѓе.
Јарецот е насочен кон тешката работа како начин за постигнување успешна кариера, унапредување и стекнување признанија од другите. Вагата се оптоварува со убавината, уметноста и балансот во животот и врските.rnrnСепак, не може да се рече дека не постои заедничка точка за овие два знака. Ако делат заедничка љубов и почит, тие можат да работат на врската за да функционираат како двојка.rnrnКога овие два знака работат на заеднички проект или проблематика, најдобро е однапред да биде одредена улогата на секој од нив, бидејќи и двајцата сакаат да бидат главни. Дури и ако се дефинираат нивните очекувања, нивните пристапи повторно ќе се разликуваат: вагата размислува зрело и разумно, но јарецот е научен да ги постигнува работите на потешкиот начин и за него тоа е во ред, ако води до успех.rnrnШтом партнерите меѓусебно си ги разберат животните стилови, „нивната метода“ ќе им помогне да постигнуваат работи кои не би можеле да ги постигнат сами.rnrnВагата е раководена од планетата на љубовта – Венера, а јарецот е воден од Сатурн кој е ладен, цврст и снажен. Овие две планети немаат многу заедничко и затоа многу е важно вагата и јарецот да работат на нивните разлики. Венера ја охрабрува вагата да го забави темпото за да ужива во убавината и романсата која животот ја нуди, што јарецот може да го сфати како мрза, чие влијание од Сатурн му ја дава таа непопустлива решителност, која го тера да преминува преку сите препреки за да на крајот ја постигне целта која самиот си ја поставил.rnrnНа овие две планети можат да им се вкрстуваат целите, што може да резултира со непријателство, кавги и потиснати емоции, доколку вагата и јарецот не дадат еднаков напор за да се разберат меѓусебно и да го прифатат фокусот на животот на другиот. Јарецот мора да се труди да не ја обесхрабрува вагата во однос на нејзиниот природен ентузијазам и оптимизам, а таа пак, мора да ја искористи дипломатичноста за да го одржува балансот со јарецот.rnrnВагата се потпира на нејзиниот интелект во животот, нејзината сензибилност е ускладена со естетиката, тема на која вагата секогаш има многу мислења. Јарецот исто така се потпира на моќта на умот, но на поинаков начин, тој бараат прагматичен начини за сѐ што прави и може да нема време да ѝ посвети на естетиката.rnrnАко овие два знака научат да работат како тим, тие можат да ги формираат двете страни на металната паричка. Двата знака се иницијатори, но имаат многу променлива работна етика, така што подобро е кога секој од нив работи од конкретна позиција. Кога станува збор за конфликти, вагата прва се повлекува, што ќе го смири јарецот кој сака да биде во право. Важно е двата партнери да сфатат дека компромисот е клучот за нивниот успех.rnrnКој е најдобриот аспект од врската помеѓу вагата и јарецот? – И двата знака внесуваат посебни квалитети во врската. Кога меѓусебно ќе си дозволат секој да биде она што е, а не да си стојат на патот, можат добро да се измешаат и да формираат целина. Нивната врска е предизвик, но тие можат да научат многу еден од друг, ако сакаат да се потрудат.