Затемнување и полна месечина: Што ги очекува сите хороскопски знаци?
Полната месечина и целосното затемнување ќе се случат на 26 мај, а тоа најмногу ќе влијае врз Стрелците, Близнаците, Рибите и Девиците.
Овен
Ова затемнување се случува во вашата деветта куќа, што ја рефлектира третата, па ве очекуваат некои настани ако патувате или учите нешто ново. Можни се некои компликации при патување, немири и расправии.
Избегнете ги сите форми на конфликт и патувања и не расправајте се со семејството, со партнерот и со колегите.
Бик
Ова затемнување на Месечината се случува во вашата осма куќа, што фрла сенка на вашето второ поле, така што ќе бидат засегнати финансиите, вашите и на партнерот. Не се препорачува да позајмувате или да земате заем.
Можно е да се случат транформации во вашата врска или да добиете одредено наследство. Бидете трпеливи.
Близнаци
Ова затемнување се случува во вашата седма куќа на вашите партнерства и животот во јавноста. Многу Близнаци може да се истакнат во јавноста.
Избегнувајте каква било форма на присилување и двосмислени ситуации во односите. Ова затемнување може повремено да се почувствува во следните шест месеци, затоа бидете многу внимателни како се однесувате кон вашиот емотивен партнер и кон деловните партнери. Соработувајте со блиски луѓе.
Рак
Ова затемнување се случува во вашата шеста куќа, што фрла сенка на дванаесеттата куќа, па може да очекувате промени во дневната рутина на работното место.
Кога станува збор за здравјето и за вашата потсвест, не можете да правите сè што ќе посакате, туку треба да бидете добро организирани и да бидете вредни да ги постигнете своите цели.
Лав
Ова затемнување се случува во вашата петта куќа, што фрла сенка на единаесеттата, па можни се промени во љубовта или кај децата, ако ги имате. Сензуалноста е нагласена и љубовта е активирана.
Ако немате партнер, постои можност отворено да ги искажете и да ги изразите своите емоции. Пријателството е нагласено, па може да се случи оваа емоција да биде поврзана со долгогодишно пријателство.
Девица
Ова затемнување се случува во вашето четврто поле, што фрла сенка на десеттото, па може да има промена на работното место, несогласување со претпоставените, дискусии со родителите. Некои Девици може да ја сменат работата или да потпишат важен договор.
Вашата планета Меркур веќе е во сенка и може да се појават бурни емоции или ненадејни одлуки, па затоа е потребна претпазливост.
Вага
Ова затемнување се случува во вашето трето поле, што фрла сенка на деветтото поле, затоа не се препорачува патување или некаква комуникација водена од емоции, особено со роднините.
Можно е да планирате некои нови проекти, па затоа би било паметно да почекате, бидејќи Меркур не ви дава добра траекторија затоа што е ретрограден до 22 јуни. Потоа може да патувате. Не дозволувајте јазикот да ви биде побрз од умот, туку слушајте наместо да зборувате и да се правите паметни.
Скорпија
Ова затемнување се случува во вашето второ поле, што фрла сенка на осмото поле, па емоциите се поврзани со финансиите. Бидете претпазливи ако вложувате пари во нешто бидејќи некој може да се обиде да ви продаде нешто што подоцна ќе ви предизвика проблем.
Размислете пред каква било инвестиција и трансакција со пари. Не земајте заем и не задолжувајте се. Бидете внимателни кога станува збор за влегувањето во интимни односи со личност за која не знаете доволно.
Стрелец
Ова затемнување фрла сенка на седмото поле на партнерствата, па затоа треба да внимавате да не претерате кога станува збор за изливот на емоции.
Треба да избегнете сè што може да ве повреди, од физичка активност до излив на емоции и спомени од минатото. Најблиските може да побараат совет од вас, па помогнете им со вашето мислење и искуство. Препуштете им се на чистите и искрени емоции.
Јарец
Ова затемнување се случува во вашата дванаесетта куќа, што фрла сенка на вашето шесто поле. Некои Јарци може да имаат проблем со стравовите и да се вратат во минатото кога станува збор за емоциите.
Поединци може да имаат пречки на работа или нема да знаат јасно што треба да прават следно. Може да направите грешка на работа или некои ваши колеги да се откажат од договорот. Најдобро е да се повлечете и да се одморите од сè.
Водолија
Ова затемнување се случува во вашето единаесетто поле, што фрла сенка на петтото поле, така што акцентот ќе биде ставен на плановите, проектите, пријателите. Од друга страна, љубовта е активна и ако имате деца, тогаш треба да им се посветите ним.
Слободните Водолии може да запознаат љубовен партнер или некој што е нивни пријател може да стане повеќе од тоа.
Риби
Ова затемнување се случува во вашето десетто поле, што фрла сенка на вашето четврто поле, така што може да се случи нешто поврзано со вашата кариера или да започнете некој нов бизнис.
Избегнувајте ги сите конфликти кога станува збор за семејството и бидете претпазливи од пожар и изгореници. Зајакнете го вашиот углед бидејќи имате можност да постигнете добри резултати на работа, кои исто така ви носат напредок во кариерата.
Прочитајте со што ќе се соочи вашиот хороскопски знак за време на ретроградниот Меркур.