Венера во Риби: Време е да покажеме што знаеме!

Венера во Риби: Време е да покажеме што знаеме!

Со влегувањето на Венера во знакот Риби универзумот го истакнува сето она што е туѓо, ирационално, непознато, тајно, скриено и платонско. Таквата енергија ни носи и посебен вид задоволства. Се заљубуваме во далечините, во ликови кои не постојат… Покрај тоа, оваа енергија ни навестува дека и дојде времето да се остварат нашите соништа.

Венера во Риби: Време е да покажеме што знаеме!

Преминот на Венера во Риби ни носи и лекција за убавината – за тоа какви сме или какви сакаме да бидеме. Лекција за она што навистина го мислиме за себе, но и за тоа каков впечаток му оставаме на светот околу нас. Затоа, ова ќе биде идеален момент да ги преиспитате концептите на убавината и љубовта, но и да се анализирате самите себеси.

Многумина од нас се борат за да постигнат некакви идеали за убавина наметнати од општеството! Многумина се чувствуваат помалку вредни бидејќи не ги достигнуваат тие идеали! Ставете им крај на таквите мисли, ставете крај на ниската самодоверба. Зошто? Затоа што вие сте единствени сами по себе.

Што и да ви се случува на љубовен план во овој период, не се измачувајте со залудно барање одговори. Многу работи ќе ви бидат неразбирливи. Многу нешта ќе бидат скриени од вас. Сепак, поставете граници во поглед на довербата кон другите.

Не обидувајте се да ги сфатите емоциите кои отсекогаш ви се чинеле мистериозни. Сфатете дека не постои секогаш логично објаснување за сите работи.

Бидете храбри, оставете ги мислите за она што било таму каде што припаѓаат и не плашете се да го направите првиот чекор напред.
Дали е важно кои сме, од каде доаѓаме и каде одиме? Дали ни е неопходно да го знаеме одговорот на сите овие прашања? Дали навистина е важно да имаме логично објаснување за сè? Работите нема да се променат на тој начин бидејќи сè уште ќе се борите со непознатото.

Наместо тоа, препуштете му се на мигот и дозволете интуицијата да ве води!

Откако прочитавте што ќе ни донесе Венера во знакот Риби, можеби ќе сакате да го прочитате и неделниот хороскоп од 11 до 17 април.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар