Ве чека лудо возење: 10 нешта кои треба да ги знаете пред да се заљубите во Девица

Ве чека лудо возење: 10 нешта кои треба да ги знаете пред да се заљубите во Девица

Перфекционистите Девици не се секогаш најлесниот знак за љубење, но доколку ги надминете првите впечатоци за нив ќе откриете дека станува збор за екстремно лојален знак со многу љубов во себе. Доколку ги имате на ум следниве 10 нешта за Девиците, тогаш многу полесно ќе се адаптирате на нив и ќе можете да допрете до нивното нежно срце…

Ве чека лудо возење: 10 нешта кои треба да ги знаете пред да се заљубите во Девица

1. Девиците се чувствителни, па затоа треба да бидете внимателни за нивните чувства

Девиците ги чуваат своите емоции под контрола бидејќи знаат дека понекогаш се пречувствителни, но исто така и затоа што не сакаат да имаат претерана реакција. Често треба да помине многу време за да откриете што ги мачи и најчесто тоа ќе дојде во вид на експлозија бидејќи долго време ги чувале нештата во себе. Дозволете им безбедно место каде што можат да ги искажат своите чувства и не се истурајте врз нив кога тие ќе експлодираат.

2. Кажувајте го тоа што мислите и мислете го тоа што го кажувате

Девиците мразат игри со умот и не сакаат да погодуваат како се чувствувате или пак, да прават претпоставки. Тоа ги полудува. Тие гледаат на овие игри и задржување на емоциите како на незрело однесување и бесцелно трошење на нивната енергија. Отворената комуникација е клучна за Девицата, но правете го тоа со доза внимателност. Едно нешто е да бидете искрени, а сосема друго е да навредувате и бидете без почит. Не заборавајте дека тие се чувствителни суштества, па бидете отворени кон нив на нежен начин, исполнет со љубов.

3. Кога сте со нив, редот и чистотата владеат со денот

Девиците тежнеат кон совршен ред и неизмерна чистота. Па, доколку сакате да живеете со нив, вие нема да можете да ги фрлате алиштата по подот, да ги оставате чиниите во лавабото или да заборавате документи низ целиот дом. Тие се опсесивно педантни и во никој случај не можат да функционираат во хаос. Вие не треба целосно да потклекнете кон нивните ирационални стандарди за чистота, но обидете се да барем да бидете емпатични кон нивната потреба за ред.

4. Грижете се за нив, бидејќи тие не се грижат за себе

Девиците се грижат толку многу за другите и сакаат да се чувствуваат потребно, што многу често се ставаат себеси на последно место. Бидејќи тие прават сè за другите, имаат потреба и другите да прават нешта за нив.

5. Девиците се интуитивни и забележуваат многу детали, па затоа секогаш кажувајте им ја вистината

Тие можат да забележат лага од километар, па затоа и обидете се да бидете целосно искрени со нив. Тие исто така ја ценат вистината и искреноста повеќе од сè останато. Добрата страна е што ова е еден начин на кој тие постојано ќе знаат како се чувствувате, па токму затоа и ќе ви го отворат патот кон нивното срце. Лошата страна е што ќе ви биде многу тешко да скриете нешто од нив, дури и кога се обидувате да ги заштитите.

6. Никогаш не ги земајте здраво за готово

Девиците се неверојатно лојални и им даваат 100% на своите љубени, но никогаш нема да дозволат да бидат земени здраво за готово. Откако тие ќе сфатат дека не го добиваат она кое го даваат, големи се шансите дека ќе ви ја покажат вратата драматично. Дури и барем малку да се посомневаат дека постои еднонасочна врска или пријателство, тие веднаш ќе си заминат од вашиот живот.

7. Тие работат многу, така да навикнете се на тоа

Една од карактеристиките која ги издвојува Девиците е нивната работна етика. Тие се горди на својот начин на живеење и секогаш се водат според мотото: „Без болка, нема добивка“. Тие многу работат за сè, за кариерата, врската, родителството и хобито. Токму затоа и немаат толеранција за оние кои не вложуваат 100% во својот живот, особено во врската со нив.

8. Тие обожаваат слобода, па токму затоа овозможете им ја

Девиците се многу социјални и обожаваат да бидат со други луѓе, но тие исто така се и неверојатно независни и сакаат да ги прават нештата сами. Тие имаат потреба од еднаков баланс помеѓу времето поминато со вас и со себе. Оние личности кои се претерано зависни од својот партнер, нема да издржат долго во врска со Девица, бидејќи таа ќе избега во истиот момент кога ќе почувствува дека ѝ снемува воздух.

9. Девиците се исклучително самокритични, па затоа треба да бидете нивни навивачи

Не постои знак кој е поголем критичар кон себе од Девиците. Тие живеат според ирационално високи стандарди и имаат потреба другите да ги сакаат и потсетуваат дека никој не е совршен и дека треба да се фокусираат на своите позитивни квалитети. Тоа со тек на време може да стане тешка работа, но некој мора да ја прави.

10. Девиците дефинитивно не се невини

Не му дозволувајте на овој знак да ве залаже. Тие можеби се преставуваат како невини девици, но вистината е дека се едни од најсексуалните и најстрасните луѓе кои некогаш сте ги запознале. Нивната сексуалност им е многу важна, па затоа доколку се поврзете со нив тогаш ве чека лудо возење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар