Уредување на ентериерот: Која боја ви ја препорачува астрологијата според хороскопскиот знак?

Уредување на ентериерот: Која боја ви ја препорачува астрологијата според хороскопскиот знак?

Според астрологијата, карактеристиките на бојата што ви одговара се совпаѓаат со карактеристиките на вашиот хороскопски знак, па погледнете како да го уредите домот или да додадете ново парче мебел во боја што ќе го отсликува вашиот карактер.

Уредување на ентериерот: Која боја ви ја препорачува астрологијата според хороскопскиот знак?

Овен

Живописната нијанса на црвена боја е бојата што вам ви одговара. Вие сте самоуверени и решителни и сте вистински претставник на огнените знаци. Црвената боја каква што имаат доматите и афионот и бојата на крв се исто толку енергични колку што сте и вие.

Бик

Нежна и малку избледена варијанта на сина боја е иделна за вас. Опкружете се со детали во боја на сафир или кобалт. Естетиката и удобноста се важни за вас, па затоа не заборавајте во тие бои да набавите текстил, мирисливи свеќи или уметничка слика.

Близнаци

Вам ви одговара жолта боја и тоа во сите варијации, од шампањ до сончоглед, бидејќи вие сте забавни и непредвидливи. Како хороскопски знак што ужива во пофини работи, за вас е идеално да внесете впечатлив акцент во вашиот простор за дополнително да ја разиграте атмосферата.

Рак

Вашата нијанса е светла бела боја. Вашата фантазија е богата, така што белата боја е како празно платно што чека да биде насликано. Во вашиот дом додајте бела завеса или еден куп сјајни бели свеќи.

Лав

Сите можат да погодат дека вам ви одговара светлопортокалова боја. Вие сте центарот на секоја забава, всушност забавата не ни започнува додека не пристигнете вие. Уредете го домот во овошни нијанси како што е бојата на мандарини, на кајсии и на праски.

Девица

Вашата боја е свежа минт зелена, нешто слично како светлата нијанса на жад. Вие сте одговорни и организирани и ја претставувате вистинската движечка сила. При изборот на предметите во вашиот дом, за вас е важно изработката да биде беспрекорна и најчесто тоа е рачна изработка.

Вага

Вие сте тие среќници што грабнаа една од најпопуларните нијанси на планетата – розова боја каква што имаат шеќерната волна, лососот и нежните рози. Вие сте елегантни и најчесто сте еден чекор пред трендовите. Уредете го просторот со розова боја и не плашете се да декорирате со малку светки.

Скорпија

Игривата виолетова боја е бојата на којашто реагирате. Таа се состои од розови, бордо и бургундски тонови. Оваа нијанса е иста како вас – хипнотизирачка, мистериозна и авторитативна.

Стрелец

Вам ви одговараат сите бои. Вие сте слободен дух кој не може да се одлучи само за една нијанса, така што одлично решение би било во вашиот дом да ги додадете сите бои што ви се допаѓаат. Вие сте како виножито.

Јарец

Вашата боја е бојата на лаванда. Вие сте амбициозни и пред сè го цените својот мир, иако секогаш сте расположени за сите видови прослави. Изберете материјали во нежна боја на лаванда и луксузни текстури како што се природен памук, кашмир и волна.

Водолија

Неонската впечатлива розова боја е бојата што одговара на вашиот карактер затоа што многу често сте бунтовни и остри. Комбинирајте ја оваа живописна боја со иновативни форми и со нови материјали, всушност со сè што ќе биде малку збунувачко за вашите гости.

Риби

Вие сте емотивни, интензивни, креативни и ентузијасти и идеална опција за вас е тиркизната боја. За комплетно удобен ентериер, комбинирајте нов дизајн со винтиџ предмети, а сините детали се задолжителни во уредувањето.

Прочитајте и кои 4 хороскопски знаци најверојатно ќе се верат за време на празниците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар