Тибетскиот хороскоп открива сè за вас врз основа на вашата година на раѓање!
Желка (1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006)
Луѓето родени во овој знак самите управуваат со својата судбина и создаваат поволни услови за реализација на сопствените планови. Тие се нежни и лојални, лукавството им е несвојствено. Тие се посветени на своите цели, но внимателно ги избираат средствата и начинот на кој ќе ја исполнат својата мисија.
Најдобро се согласуваат со: Чуварот на огнот
Треба да го избегнуваат: Металниот гонг
Среќни броеви: 8, 20 и 30
Најдобар месец: април
Кожна нараквица (1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007)
Луѓето што му припаѓаат на овој знак се фасцинирани од мистицизмот и ги интересираат секаков вид тајни. Одвреме-навреме периодите на испосништво, изолација и склоност кон мрачни мисли го заменуваат со период на активна дружељубивост. Тие постојано се движат напред во животот и бараат нови пријатели. Сепак, маската на храбра заводничка или Дон Жуан честопати крие внатрешни комплекси и несигурности. Презираат секаков вид агресија и конфликт и остануваат емотивно врзани за најблиските луѓе.
Најдобро се согласуваат со: Жешкото сонце
Треба да го избегнуваат: Монахот
Среќни броеви: 9, 21 и 23
Најдобар месец: март
Црн бивол (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)
Луѓето родени во овој знак се однесуваат директно, никогаш не заобиколуваат и претпочитаат да сè да се разјасни одеднаш за да ги избегнат непријатните ситуации. Овие луѓе имаат силен карактер, полн со самодоверба, а тоа е она што ги привлекува другите. Тибетскиот хороскоп ги советува претставниците на овој знак да бидат внимателни со своите непријатели бидејќи не треба да ги потценуваат.
Најдобро се согласуваат со: Змејот
Треба да ја избегнуваат: Кобрата
Среќни броеви: 10, 22 и 29
Најдобар месец: јули
Млада месечина (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)
Луѓето родени во знакот на млада месечина се чувствителни и нежни, но можат да се покажат и како активни во работата и страсни во љубовта. Младата месечина по природа е променлива, љубоморна – вистински предизвик, особено кога станува збор за љубовна врска. Тибетскиот хороскоп на луѓето кои му припаѓаат на овој знак им порачува да ги контролираат сопствените емоции и промени во расположението. Само тогаш ќе биде полесно и попријатно да се комуницира со нив.
Најдобро се согласуваат со: Змејот
Треба да го избегнуваат: Столбот од жад
Среќни броеви: 11, 23 и 31
Најдобар месец: август
Жешко сонце (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)
Луѓето кои се родени во овој знак се полни со виталност и оптимизам. Тие се и верни пријатели и асистенти, можете безбедно да се потпрете на нив во секоја ситуација. Сепак, се плашат да не ја изгубат слободата. Проблемите ги решаваат со неверојатна брзина благодарение на извонредните способности. Сепак, со текот на годините како да ја губат својата енергија и стануваат се посмирени и помалку весели. Тибетскиот хороскоп им препорачува да не дозволуваат да згасне огнот во нив.
Најдобро се согласуваат со: Кожна нараквица
Треба да го избегнуваат: Чуварот на огнот
Среќни броеви: 12, 24 и 26
Најдобар месец: октомври
Монах (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)
Луѓето родени во овој знак се многу силни по природа, како лушпа од орев. Тие внимателно го избираат својот животен пат и се држат до него. Истовремено се весели и друштвени и имаат бујна фантазија. Монасите ја ценат љубезноста, отвореноста, спонтаноста и леснотијата на комуникацијата со другите луѓе. Во љубовните врски тие се лојални и постојани, неспособни за предавство и лицемерство. За да ги избегнат конфликтите треба да бидат поблаги кон другите бидејќи не сите знаат мудро да се однесуваат во животот.
Најдобро се согласуваат со: Чуварот на огнот
Треба да го избегнуваат: Изворот на чиста вода
Среќни броеви: 11, 23 и 28
Најдобар месец: декември
Откако откривте кој е вашиот знак во тибетскиот хороскоп и кои се неговите карактеристики, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот кинески хороскоп за ноември 2021.
Извор: sensa.mondo.rs