Стрелец и девица – пријателска комбинација

Стрелец и девица – пријателска комбинација

Формирањето пријателство помеѓу девица и стрелец е голем предизвик за двата знака. Како прво, стрелецот секогаш гледа широко на работите, а девицата се фокусира на најситните детали. Стрелецот е најчесто релаксиран, а девицата е вечно напната. Стрелецот е безгрижен, а девицата е многу внимателна.
Стрелец и девица – пријателска комбинацијаИ покрај големиот број карактерни разлики, овие пријатели сепак имаат и нешто заедничко – почит кон искреноста. Девицата е личност која ќе цени доколку ù кажете дека качила неколку килограми. Исто така, стрелецот нема да се навреди доколку девицата му потенцира дека треба да го доработи уште малку проектот, за да биде подобар. Двата знака се екстремно интелигентни  и обожаваат да дискутираат за книги, политика или да ги озборуваат холивудските ѕвезди.

И покрај тоа што девицата ја обожава непресушната желба на стрелецот за учење нови работи, сепак не може да сфати зошто е секогаш толку енергичен и немирен. На ист начин, стрелецот се збунува од потребата на девицата да ги анализира сите битни и небитни работи до најситен детаљ. Доколку секој од овие пријатели може да ги прифати карактеристиките на нивниот другар, ќе можат да оформат силно пријателство.

Девицата треба да му дозволи на стрелецот да ги прошири нејзините хоризонти. Тој е секогаш расположен да ја однесе во некој егзотичен ресторан или да ја придржува на патување со брод. Од друга страна, стрелецот ќе ù биде благодарен на девицата ако му даде некој практичен совет или да го научи како да биде поорганизиран и поефикасен.

Овие пријатели имаат голема љубов кон животните, па може да уживаат грижејќи се за некое домашно милениче. Може да наоѓаат и големо задоволство во уметничкото цртање, сликање и учењето странски јазици.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар