Што ве очекува на Денот на Вљубените според вашиот хороскопски знак?

Што ве очекува на Денот на вљубените според вашиот хороскопски знак?

Врските кои ги градиме се тесно поврзани со нашите лични карактеристики, па затоа хороскопоските знаци се добар показател за тоа каков викенд нè очекува за Св. Валентин.

0-Shto-ve-ochekuva-na-Denot-na-Vljubenite-spored-vashiot-horoskopski-znak-kafepauza.mk

Овен

Како прв знак во хороскопот, на Овенот, кој е роден лидер, не му се потребни посебни празници за да ја прослави љубовта.

Поради нивната силна енергија и ентузијазам може да имаат антиВалентин (хорор филмови, мрсна храна и многу лук).

Тоа не значи дека нема да се заинтересираат, но секако ќе се постават себеси на прво место.

Бик

Бикот ужива во подароци и во материјални добра и секако дека ќе очекува внимание, најмалку со чоколадо, за Денот на вљубените.

Смирената и сензационалната страна на Бикот ќе има потреба да го прослави овој романтичен празник на интимен начин.

Кога ќе ви се закачат еднаш, закачени се засекогаш, затоа што премногу брзо се приврзуваат. Па доколку се однесувате како навистина да ви е убаво бидете сигурни дека токму таа порака сакате да ја примат.

Близнаци

Близнаците живеат во двоен свет што им овозможува лесно да се адаптираат во секоја ситуација, но исто така тоа ги прави и неодлучни.

Тие би го поминале Денот на вљубените сосем нормално и со некое попатно изненадување – лукавиот Близнак секогаш има нешто зајадливо во својот ракав.

Оние кои се сингл, благодарение на својата површна природа, ќе им се додворуваат на најатрактивните во клубот, а оние кои се зафатени ќе ги отвораат своите луксузни подароци.

Рак

Раковите сакаат да се чувствуваат сигурно и удобно, затоа ќе го поминат овој ден со некој со кој се длабоко поврзани, како брачниот партнер или семејството.

Бидејќи се чувствителни, слободните Ракови најверојатно ќе го искористат ова време за самосожалување и давење во својата осаменост.

Приврзаните ракови никогаш нема да заборават на сите блиски да им посветат внимание на овој ден.

Лав

Без разлика дали се сингл или зафатени, овој ден е како створен за нив. Тие го гледаат овој ден како повод да си докажат колку другите луѓе ги ценат нив и секако – ќе очекуваат внимание и подароци.

Самоуверениот и вообразен Лав мора да има закажано некаква прослава на овој ден, макар и со пријателите, а притоа ќе се преправа дека не му е грижат за тоа.

Тие се енергични, живи и сакаат секаков повод за забава што значи дека нивниот Ден на вљубените ќе биде еден забавен бал.

Девица

Многу се пребирливи, но штом еднаш успеете да го тргнете нивниот лукав слој, ќе го пронајдете нивното топло срце.

Ним не им е грижа за овој ден, па затоа настојуваат да размислуваат логички и практично.

Зошто да потрошат еден ден на сакање кога треба да ги сакате 365 дена? Баталете ги досадните подароци — Девиците многу лесно ги согледуваат вештачките изливи на љубов за да би го освоиле така лесно нивното срце.

Вага

Тие се премногу дружељубиви, но исто толку и нерешителни, што значи дека тие ќе го поминат Денот на вљубените правејќи планови во последната минута со личноста која штотуку ја одбрале.

Но, како романтични и шармантни индивидуалисти со нетрпение го очекуваат овој ден.

Тие сакаат да флертуваат – нека не ве изненадува ако повеќе флертуваат со сите во клубот отколку со вас.

На крајот на денот, Вагите се повторно оние нежни луѓе кои бараат баланс и фер игра и секогаш ви се враќаат.

Скорпија

Тие се независни луѓе и затоа нема да им пречи сами да го прослават овој ден, особено затоа што тие секогаш сакаат да наздрават за своја душа.

Тие се многу страсни љубовници кои секогаш со сигурност ги искажуваат своите чувства вклучувајќи го и она: Те сакам!

Стрелец

Тие се позитивни луѓе, оптимистични индивидуалисти кои имаат големо срце и уште поголема имагинација. Слободните Стрелци нема во никој случај да ги начекате како дремат дома, туку ќе одат да гледаат некој филм кој ќе ја понесе нивната инспирацијата.

Оние кои имаат партнери ќе прават нешто авантуристичко, затоа што обожуваат да истражуваат нови нешта.

Јарец

Јарците се вредни и одлучни луѓе, кои го користат својот прагматизам за да го достигнат посакуваното – всушност, и да немаат закажано состанок за Денот на вљубените тие ќе се досадуваат, сè додека некој не се сложи со нив да го гледа „50 нијанси на сиво“.

Поради нивната конзервативна природа, понекогаш знаат да бидат песимистички расположени, па нека не ве чуди ако веќе најават дека сами ќе бидат на Денот на вљубените…. и дека самите ќе си пратат букет цвеќе за ефектот да биде поголем.

Водолија

Тие сакаат да се уникатни, а нивната љубов кон другите ќе ги натера да земат учество во Денот на вљубените. Како креативни и со различни идеи, тие сакаат да си создадат своја верзија на овој празник.

Оние кои се зафатени играат воздржана игра бидејќи не сакаат да искажуваат чувства во јавност, но доколку се сингл тогаш претпочитаат да се дружат со пријателите затоа што важат за многу дружељубиви луѓе.

Риби

Како и нивниот симбол, Рибите не сакаат да пливаат сами и токму затоа тие на овој ден ќе бидат во нечие друштво. Тие се трагачи по авантури, па затоа и ќе прават нешто несекојдневно.

Понекогаш се подредени, па затоа Рибите ќе ги остварат сите желби кои срцето на партнерот ќе ги посака на овој празник на заљубените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар