Што треба да направи секој хороскопски знак после раскинување?

Што треба да направи секој хороскопски знак после раскинување?

Девојки, заборавете на самосожалувањето, еве го вистинскиот потег кој ќе ве врати во живот после раскинувањето. Можеби нема комплетно да ги избрише болката и разочарувањето, но инстантно ќе го подобри вашето расположение.

shto-treba-da-napravi-sekoj-horoskopski-znak-posle-raskinuvanje-kafepauza.mk

Овен

Доволно долго ги грицкавте ноктите и размислувавте што ќе се случеше ако му го речевте ова или она, ако постапевте вака или онака… Време е за нова фризура. Ако никогаш не сте го направиле тоа порано, сега е време да извлечете прамени во друга боја.

Бик

Безрезервно прифатете ги здравите промени. Не давете ја тагата во море од слатки, бидејќи штетата што тие ќе ја предизвикаат ќе ве направи уште понесреќни. Фрлете се на здрава храна. Вежбајте и експериментирајте со шминката.

Близнаци

Вие сте одлични во давањето совети на пријателите кога тие имаат љубовни проблеми. Зошто тогаш ви е толку тешко да си помогнете себеси? Не гледајте наназад. Не се оствари вашето заеднично патување? Големо чудо! Спакувајте ги куферите и отпатувајте со пријателка.

Рак

Фрлете од дома сè што ве потсеќа на него. Фрлете ги слатките кои тој сакаше да ги јаде додека гледа телевизија и посветете се на здрав животен стил. Не заборавајте и на сладоледот во замрзнувачот!

Лав

Не дозволувајте заминувањето на поранешната љубов да ве забуни и тоа да се гледа на вашето лице. Ставете малку појака шминка, и тоа нека светка.

Девица

Хранете се здраво и вежбајте за да имате постојан извор на енергија која толку ви е потреба. Исто така пробајте го новиот златен тренд – ставете малку златно на очите, а гардеробата освежете ја со златни аксесоари.

Вага

Не одбивајте ги пријателите кога ќе ве поканат на некој роденден или ќе ве викнат за излегување. Исто така посветете си еден цел ден само на себе. Одете во теретана, на базен, на масажа. Вакво нешто ви е потребно за релаксација и опуштање.

Скорпија

Време е за промени. Било да се работи за вашата долга права коса каква што вашиот бивш најмногу ви ја сакаше или фармерките во кои скиснавте затоа што обожаваше да ве гледа во нив. Сè што ве потсеќа на старите времиња – оставете го баш таму.

Стрелец

Престанете да фрлате пари на хартиени марамчиња и престанете да се измачувате себеси со прашањата од типот „зошто не му реков…“ . Запишете се на јога. Важно е да се мрднете од мртва точка.

Јарец

Доста е со тажните изрази на лицето. Купете си нова маскара, пробајте ново руменило.

Водолија

Време е да се вратите меѓу луѓето. Сигурно сте ги запоставиле пријателите додека бевте на седмо небо. Ако тие и понатаму ви останале наклонети, време е да им надоместите за пропуштеното.

Риби

Прославете го завршувањето на една љубов така што ќе си купите нова чанта во некоја јака боја. Запишете се на самба и ќе видите сами – веднаш ќе се вратите од мртвите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар