Што ќе ни донесе младата Месечина во Риби на 2-ри март?
Младата Месечина во знакот Риби ќе настапи денес, во 18:38 часот и ќе донесе енергија што ќе ни помогне да ја откриеме нашата вистинска природа. Токму со помош на оваа енергија ќе се соочиме лице в лице со она што долго време било скриено во нашето срце, ум и душа!
Ова соочување е неопходно доколку сакаме да имаме побогат и поцелосен живот затоа што ќе ни помогне да ги надминеме пречките кои понекогаш самите си ги поставуваме. Можеби ќе треба да се соочиме со нешто подлабоко во нас или ќе се поврземе со исконската енергија на животот. Рибите се последниот знак на Зодијакот и како такви, ќе нè натераат да размислуваме за минатото. Доволно е да ги разбереме лекциите од нашите досегашни искуства.
Со оглед на тоа дека поголемиот дел од нашето внимание ќе биде фокусирано на минатото, ќе успееме да си ги простиме грешките и неуспесите и да го понесеме со себе она што сме го научиле во текот на овој процес. Ова е идеално време за заздравување.
Јупитер кој моментално е во знакот Риби, е активен како резултат на влијанието на младата Месечина. Тој може да ни донесе и нов оптимизам што ќе ни овозможи полесно да се фокусираме на работите околу нас. Дел од таа енергија можеме да ја искористиме за медитација или учество во креативни активности и проекти.
Покрај тоа, спојувањето на Венера, Марс и Плутон ќе ни ја дополни енергијата. Таквата комбинација може да ни го привлече вниманието кон нашите односи и нашата лична моќ, а може да се манифестира и во нашиот однос кон парите. За да ја следите динамиката на енергијата, доволно е да им се препуштите на нештата, иако ќе наидете на ситуации кои ќе бидат надвор од ваша контрола. Верувајте дека сè ќе биде во ред и дека сè што треба ќе се оствари.
Искористете ја енергијата на Венера за да внесете рамнотежа доколку наидете на динамика во вашите лични односи. Искористете ја енергијата на Марс за да останете сигурни во вашите избори и постапки што сакате да ги преземете и искористете ја енергијата на Плутон за да останете верни на вашето автентично „јас“.
Младата Месечина во Риби се карактеризира со силна енергетска динамика и затоа обидете се да бидете нежни со себе. Дозволете си да бидете ранливи и ослободете ги емоциите кои ве мачат. Тоа ќе придонесе за одржување на вашиот внатрешен мир.
Откако прочитавте каква енергија ќе ни донесе младата Месечина во Риби на 2-ри март, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот хороскоп за март 2022 година во поглед на кариерата, љубовта и здравјето.
Извор: atma.hr