Роденденски подарок за вашата партнерка Скорпија
Автор: Зорица Тодорова
Сезоната на Скорпиите е во тек и имате токму време да размислите што да ѝ подарите на вашата партнерка во овој хороскопски знак. Како најстрасниот и најмистериозен астролошки знак, Скорпиите се многу чувствителни, па затоа што и да земете, бидете сигурни дека го подарувате од срце. Ви даваме неколку предлози кои сигурно ќе ја израдуваат вашата партнерка.
Нешто исполнето со тајност и мистерија
Никој не почитува добра тајна или мистерија повеќе од жената Скорпија. Доколку самата не може да учествува во нешто такво, обожава тоа да го прави во слободното време. Таа обожава да разрешува загатки, па подарете ѝ нешто како специјалното издание на целата серија „Мис Марпл“ или „Поаро“ ако е обожавател на Агата Кристи. Исто така можете да ја земете предвид нејзината љубов спрема астрологијата и неоткриеното, на пример двоглед или телескоп, или пак тарот карти, книга за сонови или нумерологија за да ја задоволите нејзината љубопитна природа.
Моќни аксесоари
Жената Скорпија има посебен вкус кога станува збор за модни додатоци, она што го носи треба да претставува одраз на нејзината моќ и самодоверба. Затоа би можела да цени кожна чанта или паричник кои не би останале незабележани на работното место. Елегантен кожен каиш и црни хулахопки, во пар со убави црни кожни чизми се уште еден добар предлог. Доколку сте покреативна личност, можете сами да изработите парче накит кое ќе ги одразува овие нејзини карактеристики, или може да ѝ подарите накит со нејзиниот омилен скапоцен камен.
Мириси кои одговараат на нејзиниот карактер
Секој парфем кој ја истакнува сексуалноста без претерување е совршениот избор. Парфеми со ориентални ноти се одлични за атрактивната Скорпија која верува во својот сексуален магнетизам. Тие треба да бидат благи, богати и сензуални и направени од заводлива мешавина на темјан, килибар, зачини и балзами. Примери за такви парфеми се „Opium“ од Ив Сен Лорен и „Obsession“ од Келвин Клајн.
Интимни игри
Физичката интимност е многу важен дел од врската со една Скорпија. За жена која располага со многу силни емоции, нормално е дека тие ќе дојдат до израз и во нејзината физичка страст. Сексот е најверојатно див и забавен со вашата партнерка и одличен начин да ги зачините работите за нејзиниот роденден би бил да ѝ поклоните покер или некоја друга игра на слекување. Одберете секси долна облека за неа и оставајте скриени траги насекаде низ домот кои би ја довеле до крајната дестинација – креветот.
pa denes e mojot den..rodenden..
podarete mi nesto od ovie bre 🙂
znaci kako edna skorpija velam deka ova gore e tocno.. 😀