Ретрограден Меркур на 14 јануари: Поврзете се со интуицијата

Ретрограден Меркур на 14 јануари: Поврзете се со интуицијата

Меркур владее со нашиот ум и секогаш кога е во ретроградна состојба ни дава можност да ги процениме нашите мисли, менталното здравје и нашиот фокус. Меркур е и планета на комуникацијата, така што во оваа фаза можеби ќе треба да го промениме начинот на кој комуницираме со другите, со себе и со светот околу нас.

Ретрограден Меркур на 14 јануари: Поврзете се со интуицијата

Вообичаено Меркур се движи ретроградно три пати годишно, но понекогаш тоа се случува четири пати како на пример во 2022 година. Тоа покажува дека универзумот ни порачува да го намалиме нашето темпо, да размислиме и да го земеме предвид нашето ментално здравје.

Овој прв ретрограден Меркур во 2022 година е совршено време за да ги слушнеме знаците и ритамот на универзумот. Тоа ќе ни овозможи и полесно да се поврземе со нашата потсвест и интуиција. Ова е одлично време да се фокусираме на нашите соништа бидејќи честопати тие се портал за нашата потсвест.

Како што Меркур ќе се движи ретроградно низ Водолија од 14 до 27 јануари, нашиот фокус ќе биде насочен кон нашите ментални процеси. Под негово влијание ќе го преобликуваме начинот на кој размислуваме.

Нашите мисли се толку моќни па ова е можност да разбереме што ни зборуваат тие и како тие можеби нè спречуваат или ни помагаат да продолжиме напред. Искористете го ова време за да обратете внимание на дијалогот во вашиот ум и на она што се обидувате да го кажете. Дали вашите мисли се усогласени со мноштвото прилики или постојано сте окупирани со мисли кои ве тераат да се повлечете?

Ретроградното движење на планетите не е момент за одење напред туку е време за пауза и размислување. Доколку моментално не се чувствувате инспирирани или можеби сте уморни повеќе од вообичаеното, знајте дека можеби го чувствувате влијанието на ретроградната енергија.

Наместо да се борите со неа, искористете ја за да се фокусирате на себе и да го пронајдете својот мир. Не мора да си вршите притисок кога станува збор за поставување на вашите цели бидејќи ќе имате можност за тоа во текот на целата година.

Откако прочитавте што ќе ни донесе ретроградното движење на Меркур на 14 јануари, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат најсреќните денови во јануари 2022 година.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар