Пронајдете го совршениот парфем за секој хороскопски знак: Какви мириси сака секој од нив?

Пронајдете го совршениот парфем за секој хороскопски знак: Какви мириси сака секој од нив?

Факт е дека многу е тешко да најдете мирис кој навистина многу ви се допаѓа. Одите од парфимерија до парфимерија, порачувате од разни сајтови и се надевате дека ќе го пронајдете вистинскиот.

Секој има мирис кој најмногу му се допаѓа, а ние ќе ви помогнеме да го одберете вистинскиот со помош на хороскопот. Ако се консултирате со хороскопот околу љубовниот живот, тогаш зошто не и за парфемите? Па дури и ако не верувате во него, сепак е можно да одберете совршен парфем врз основа на карактерните особини.

0-pronajdete-sovrshen-parfem-za-sekoj-horoskopski-znak-kakvi-mirisi-saka-sekoj-od-niv-kafepauza.mk

За Овните, мирисот кој се најавува себеси е најдобар

Да се биде Овен значи да се прифаќаат сите импулсивности од карактерот. Тие бараат мирис кој ќе ги маѓепса. Добар избор е комбинацијата на тешки ноти како амбер и пачули со природни придружници како рум и кожа.

Биковите сакаат нешто што мириса скапо

Биковите сакаат да се чувствуваат луксузно, затоа одбираат поскапи парфеми. За нив комбинацијата од мошус, бела кожа и кокосови гравчиња создава парфем кој е еквивалент на скапа бунда.

Близнаците сакаат интелигентни мириси

Близнаците живеат за нови авантури. Потребен е многу посебен мирис за да го задоволи овој знак. Затоа тие би сакале нешто необично како комбинацијата на нане, портокал, пачули и марихуана.

Раковите користат парфеми за инспирација

Црпејќи сила од креативната енергија и домот, Раковите имаат потреба од нежен мирис. Тие сакаат иновативни и топли мириси – за совршено да одговараат на нивниот карактер.

Лавот сака да биде во центарот на вниманието

Кога Лавот бара мирис, тој бара нешто необично и нешто што е „премногу добро за да биде вистинито“. За нив, убавите парфеми со необично пакување се одличен избор.

Девиците се љубители на богати мириси

Девицата е обожавател на детали – па затоа за да најде парфем кој ѝ се допаѓа тој мора да има многу различни ноти. Ако пак сакате навистина да ја восхитите, одберете комбинација од љубичица и ванила.

Вагите сакаат балансирани мириси

Да купувате парфем за личност која е припадник на знакот Вага е многу тешка мисија затоа што тие очекуваат нешто совршено. Ако успеете да најдете парфем кој е убав и после подолг период, тогаш ви честитаме, вие успеавте да го усреќите овој комплициран знак. Ако одберете парфем од рози, орхидеи и фрезија тогаш навистина ќе погодите точно во целта.

Скорпијата сака страсни ноти

Ако некогаш сте помирисале нешто што мирисало толку убаво што сте посакале уште еднаш да го помирисате, тогаш таквиот мирис е повеќе од совршен за Скорпијата. Таа сака силни парфеми за да одговараат на нејзината силна волја. Комбинацијата од чедар и пачули е божествена за овој знак.

Стрелците сакаат игриви парфеми

Рози, каранфил и диво нане се одлични ноти кои ќе го восхитат немирниот дух на Стрелецот. Тие обожуваат да експериментираат – па ваквата комбинација за нив е капка среќа.

Јарецот сака романтика

Јарецот е синоним за класа и моќ, па затоа барајте парфеми кои се класични и кои успеваат да го прегазат времето.

Тврдоглавата Водолија сака уникатен парфем

Тие бараат мирис кој ќе поттикне енигма и мистерија. Мирисот на синтетичка амбра е навистина уникатна нота – токму каква што посакува Водолијата.

Рибите сакаат нежни, сонливи мириси

Рибите мразат моќни мириси. Тие сакаат едноставни парфеми кои никогаш нема да го оприсутат нивното постоење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар