Пронајдете го внатрешниот мир според вашиот хороскопски знак

Пронајдете го внатрешниот мир според вашиот хороскопски знак

Илјадници години човекот барал знаци и знаење во ѕвездите. Астрологијата настанала 2000 години пред новата ера и внимателно била проучувана од древните Индијанци, Маи, Грци, Кинези и Арапи. И не само тоа, таа била користена како начин за проучување на човечките особини и мотивации, како што покажуваат истражувањата на Карл Јунг.

Пронајдете мир според вашиот хороскопски знак

Со помош на набљудување и анализа се открило дека постои корелација помеѓу движењето на небесните тела и животот на Земјата. Но, и покрај тоа многу луѓе имаат различни ставови за астрологијата. Додека некои се скептични и сметаат дека тоа не е наука, други се колнат во астрологијата, наведувајќи силни аргументи во нејзин прилог.

Според астрологијата, задоволството и духовниот мир можат да се пронајдат врз основа на вашите особини. Во продолжение ќе ги пронајдете дванаесетте различни астролошки особини и препораки кои ќе ви помогнат да најдете внатрешен мир.

Овен

Вие сте страствени, динамични и самоуверени, имате бурен живот и често сте импулсивни.

Како да пронајдете рамнотежа:

  • Одржувајте рамнотежа – во распоредот најдете време за релаксација.
  • На работа обидете се да бидете продуктивни.
  • Канализирајте ја вашата енергија на вежбање или трчање.
  • Најдете рамнотежа и со релаксирачки активности како готвење, читање или градинарство.

Бик

Вие сте сигурна, топла и одлучна личност, меѓутоа некогаш можете да бидете тврдоглави и посесивни.

Како да пронајдете рамнотежа:

  • Не отфрлајте ги туѓите гледишта.
  • Кога чувствувате дека сте заглавени, најдете мир во природата.
  • Бидете свесни како вашите постапки влијаат на другите.
  • Обидете се со медитација да ги насочите вашите мисли.
  • Истражете го светот на мирисите и лечете се со ароматерапија.

Близнаци

Вие сте интелигентна, сестрана и темпераментна личност, но од друга страна можете да бидете и нервозни и недоследни.

Како да пронајдете рамнотежа:

  • Не работете премногу.
  • Хранете се балансирано и не прескокнувајте оброци.
  • Научете да ги опуштите нервите, со растителни масла и топла бања.
  • Одморете го мозокот.
  • Научете ги техниките на дишење и секојдневно практикувајте ги.

Рак

Вие сте грижлива, интуитивна и заштитничка душа, но често се борите со промена на расположението, осетливост и неможност да се опуштите.

Како да пронајдете рамнотежа:

  • Не заборавајте да се грижите за вашите сопствени потреби, тоа не е себичност, туку е важно за вашата благосостојба.
  • Практикувајте медитација, јога и таи чи.
  • Живејте според вашиот ритам.
  • Научете да поставувате граници.
  • Отфрлете сѐ што не ви е потребно.

Лав

Вие сте храбра, креативна и посветена личност, но сакате да давате заповеди и немате голема толеранција. Секогаш сакате да сте во право.

Како да пронајдете рамнотежа:

  • Развивајте ја способноста да слушате, така што ќе им допуштите на другите да дојдат до израз.
  • Секој ден одвојувајте време за себе и правете нешто што сакате.
  • Избегнувајте зачинета и мрсна храна која ви ја одзема енергијата и ви ја поместува рамнотежата во организмот.
  • Пијте многу вода.

Девица

Вие сте аналитична, практична и работлива личност, но некогаш знаете да претерате со перфекционизмот, а знаете да бидете и претерано критични и немирни.

Како да пронајдете рамнотежа:

  • Откажете се од рутината и бидете спонтани.
  • Опростете – и на себеси и на другите.
  • Излезете од вашиот мозок и влезете во своето тело.
  • Заменете ја негативноста со прифаќање.
  • Направете распоред за спиење и одморете го вашиот мозок.

Вага

Вие сте романтична и идеалистичка личност, но понекогаш знаете да бидете наивни, претерано попустливи и неодлучни.

Како да пронајдете рамнотежа:

  • Направете список на задачи кои треба да ги завршите – тоа ќе ви помогне да останете организирани и да избегнете стрес.
  • При носење важни одлуки, наведете ги сите причини „за“ и „против“.
  • Покажете ги вашите чувства преку песна, сликање или јога.
  • Допуштете си уживање, но бидете умерени.

Скорпија

Вие сте страствена, интуитивна и привлечна личност, но исто така знаете да бидете љубоморни и опсесивни.

Како да пронајдете рамнотежа:

  • Практикувајте смирувачки техники кога сте под стрес, како на пример длабоко дишење, визуелизација и слично.
  • Обидете се со хидротерапија како начин за смирување на духот и телото.
  • Простете им на другите за да избегнете бескрајни расправии.
  • Секогаш гледајте ја поголемата слика и немојте да се губите во деталите.

Стрелец

Вие сте искрени и добронамерни. Имате смисла за филозофија и хумор, но исто така често сте оптимистични без причина, знаете да бидете неодговорни и немирни.

Како да пронајдете рамнотежа:

  • Користете го спорт за насочување на енергијата.
  • Научете како да најдете рамнотежа меѓу оптимизмот и реалноста.
  • Преиспитајте го вашиот живот.
  • Научете свесно да ги контролирате чувствата.
  • Најдете радост во малите нешта.

Јарец

Вие сте духовита, практична и дисциплинирана личност, но понекогаш тоа се граничи со фатализам и песимизам.

Како да пронајдете рамнотежа:

  • Откажете се од лошите врски и опкружете се само со позитивни луѓе.
  • Мислете на своите вредности и соништа секогаш кога носите одлуки.
  • Како вашиот внатрешен дијалог влијае на вас? Ако е негативен, работете на вашата самодоверба.
  • Опуштете го телото и умот низ практични вежби.
  • Запомнете дека среќата е избор.

Водолија

Вие сте инвентивни, имате слободен дух и секогаш сте пријателски расположени, но исто така може да бидете непредвидливи и емоционално нестабилни.

Како да пронајдете рамнотежа:

  • Бидете автентични.
  • Направете распоред на вашите активности, така што ќе најдете време за себе.
  • Ценете ја ранливоста и фактот дека тоа ве прави посилни.
  • Бидете свесни за сегашноста.

Риби

Вие сте осетлива, сочувствителна и имагинативна личност, но исто така можете да бидете таинствени и несигурни.

Како да пронајдете рамнотежа:

  • Ослободете се од сѐ што ви создава стрес.
  • Немој да се сожалувате и избегнувајте ја улогата на жртва.
  • Дајте му слобода на романтичниот ум, но не заборавајте да се вратите на земјата.
  • Научете да наоѓате рамнотежа помеѓу левата и десната хемисфера на мозокот.
  • Развијте здраво ниво на скептицизам и тоа ќе ве заштити од манипулации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар