Предлог филмови кои треба да ги погледнете во 2020 година според хороскопскиот знак
Вага: „Last Christmas“
Вагите се безнадежни романтичари на кои божиќната романса им е природен избор. Плус, тие се доста несигурни и недоверливи така што совршено ќе се пронајдат во филмот за продавницата на џуџето Кејт, која ја глуми ѕвездата од „Игра на тронови“ – Емилија Кларк.
Скорпија: „Cats“
Скорпиите се љубопитни како мачки. Ниту еден друг знак не ја поседува потребната морбидна љубопитност слична на ликовите од „Мачки“. Овој знак сигурно ќе се пронајде низ метафорите од филмот.
Стрелец: „Little Women“
Џо Марч е олицетворение на Стрелецот, со нејзиниот авантуристички дух на скитник и жестоката независност. Плус, креаторката на овој лик, писателката Луиза Меј Алкот, е Стрелец, а неоспорно ова е ликот кој има најмногу допирни точки со нејзината биографија. Значи, нема подобар филм за Стрелците од филмската адаптацијата од режисерката Грета Гирвиг.
Јарец: „Uncut Gems“
Ако сакате некоја работа да се заврши, му ја задавате на Јарец, особено ако тоа вклучува голема заработка. Главниот лик во филмот, исто така, бара начини за брзо збогатување и ги сака парите како Јарците.
Водолија: „Jumanji: The Next Level“
Со својот слободен дух секоја Водолија е тотално дете во срцето, така што ова продолжение на филмскиот хит „Џуманџи“, сигурно ќе ѝ се допадне на вашата љубопитна душа.
Риби: „It’s a Beautiful Day in the Neighborhood“
Ликот Фред Роџерс е архетипот за Риби: емпатичен, идеалистички, несебичен и сакан. Ако мислите дека нема да се расплачете заради овој лик кој го игра Том Хенкс, се залажувате.
Можеби сакате да го откриете и најсреќниот ден во 2020 година за секој хороскопски знак.