Порака за 2021 година за секој хороскопски знак
Почетокот на годината е добро време за афирмации што ќе ве инспирираат и ќе ви бидат водечка нишка кон подобар и посреќен живот. Афирмациите се позитивни и охрабрувачки зборови што треба постојано да си ги повторувате, дури и ако на почетокот не верувате дека се точни. Тие можат да ви помогнат да ја надминете негативноста и да ве мотивираат да започнете да ги преземате потребните чекори за да ги постигнете вашите цели. Истражувањата покажуваат дека афирмацијата може да ги активира центрите на мозокот задолжени за наградување и да помогне да се направат трајни, позитивни промени во однесувањето.
Овен
Јупитер и Сатурн влегоа во Водолија, во 11-тата куќа на Овенот за тимска работа и технологија. Огнениот и независен Овен може да ја искористи оваа енергија за да ги одржува соработката и пријателството.
Афирмација за зајакнување на пријателствата: Луѓето со кои сум опкружен ме поддржуваат и ми помагаат во моите напори.
Бик
Овој земјен знак ќе биде среќен кога ќе слушне дека 2021 година нуди многу поголема стабилност од 2020 година. Јупитер и Сатурн во Водолија и амбициозната 10-та куќа му дозволуваат на Бикот да ги претвори своите идеи во реалност.
Афирмација за структурата и поставувањето на целите: Јас се засновам на мојата визија и секој ден работам за да го постигнам тоа.
Близнаци
Минатата година беше интензивно емотивна и тоа ги спречи возвишените Близнаци да се усогласат со својата цел. Но, кармичкиот северен јазол во Близнаци во 2021 година ќе биде неверојатен поттик за нив да ја остварат својата крајна цел.
Афирмација за усогласување со целта: Јас сум усогласен и ја заслужувам мојата крајна цел.
Рак
За Ракот, 2020 година беше најважна за балансирање на односите и врските што ги споделува со другите. Сега, во 2021 година, тие врски можат да бидат подлабоки, што му овозможува на Ракот да извлече максимум од своите најсилни врски.
Афирмација за посилни врски: Моите врски се избалансирани, зајакнувачки и силни.
Лав
На Лавот му претстои година фокусирана на љубовна врска и затоа ќе биде исклучително важно да ѝ даде приоритет на грижата за себе. Штом Венера ќе влезе во Јарец, во велнес-зоната на Лавот на 5 ноември, луѓето родени во овој хороскопски знак може да се чувствуваат како малку потрошени, како да имаат недостаток на енергија. Затоа, во никој случај не треба да заштедувате на времето посветено на себе и на вашите потреби.
Афирмација за самопомош: Јас ги поддржувам своите потреби и поставувам здрави граници.
Девица
Ако има знак кој е познат по својата структура и организација, тоа е Девица. По хаотичната 2020 година, 2021 година ќе ве врати на вистинскиот пат, дозволувајќи ви да се рефокусирате. Оваа година ќе ви ги врати режимот и рутината што ги сакате и ви се потребни за да се чувствувате смирено.
Афирмација за градење: Мојата рутина ме одржува свежа, организирана и здрава.
Вага
Вагите треба да се подготват за гламурозна и социјална година, со Јупитер и Сатурн во Водолија и тоа е големо олеснување по претходната година помината во изолација. Креативните вибрации ќе бидат силни со потенцијал за голем проект поврзан со страстите и со доза на романса.
Афирмација за креативност: Мојата креативност е безгранична, инспиративна и магична.
Скорпија
За Скорпијата, 2021 година е основа за семеен живот и грижа за себе. Тоа може да биде пуштање корени таму каде што се наоѓа или преселување на некое ново место. Луѓето родени во овој хороскопски знак може да очекуваат година која е насочена кон домот и семејството.
Афирмација за негување на основата: Мојот простор и оние во него се безбедни, смирени и полни со поддршка.
Стрелец
Стрелецот ќе биде задоволен кога ќе слушне дека 2021 година ќе биде многу поразновидна од 2020 година. Овој огнен знак може да очекува да го окупираат многу луѓе и проекти, но мора да биде внимателен да не прегори од работа.
Афирмација за избалансирана активност: Мојот живот е полн со авантура што ме осветлува однатре.
Јарец
Самооткривање и длабоко размислување е името на она што му се случи на Јарецот во 2020 година. Во 2021 година, Јарците можат да го искористат она што го постигнале на духовно ниво – да создадат подобри можности и посреќен живот.
Афирмација за нов почеток: Секој ден имам нова можност да бидам најдобар.
Водолија
По големиот спој на Јупитер и Сатурн во Водолија на 21 декември 2020 година, претстојната година ќе биде сè, само не здодевна за Водолијата. Ги очекуваат големи промени и нов начин на постоење.
Афирмација за промена: Јас се справувам со промените јасно, грациозно и мудро.
Риби
Рибите можат да се подготват да нурнат длабоко во 2021 година бидејќи тоа може да им донесе духовна или уметничка ренесанса. До пристигнувањето на летото, луѓето родени во овој хороскопски знак може да очекуваат многу заздравување и ослободување. Тие треба полека да му се препуштат на тоа и да не се плашат од вистинските чувства.
Афирмација за ослободување: Отпуштив сè што веќе не ми служи на мојот пат кон заздравувањето.
Прочитајте што сакаат да подобрат кај себе хороскопските знаци во новата година.