Полна Месечина на 18 јануари: Каква енергија ќе ни донесе?
Полната Месечина во знакот Рак ќе донесе посебна енергија која може да доведе до напнатост и разочарување. Наместо да се обидувате да ги контролирате работите, започнете со внатрешна трансформација. Оваа Месечина ќе ви пружи силни емоции и затоа е речиси невозможно да го избегнете нејзиното влијание.
Овен
Полната Месечина ќе ве поттикне да размислувате во насока на нови почетоци, формирање дом и семејство. Многумина од вас ќе бидат наградени на работа за вашиот досегашен напор, додека други ги очекува унапредување во поглед на кариерата. Сега е вистинското време да покажете што знаете и умеете.
Бик
Иако понекогаш тешко се одлучувате за промени во животот, сепак потребно е да ги прифатите и да се прилагодите на новите услови. За некои од вас нема да биде тешко да ја променат својата рутина, а некои пак ќе планираат одмор или патување во следниот период. Ќе можете да ги решите прашањата од правна природа само доколку ја следите сопствената интуиција.
Близнаци
Доаѓа тежок период особено во поглед на финансиите па можеби ќе сфатите дека е време да почнете да размислувате во насока на одржување рамнотежа во животот. Можеби ќе ви треба и поддршка од другите, но не двоумете се да ја побарате. Најважно од сè е да преземете акција доколку сакате да успеете.
Рак
Енергијата на полната Месечина ќе ги зацврсти не само односите во личниот, туку и во професионалниот живот. Овој период ќе бидете презафатени со обврски, а токму затоа и не е поволен период за свршувачка или брак. Од друга страна, оние кои се слободни имаат можност да го запознаат потенцијалниот партнер.
Лав
Ако немате работа сега е време да размислите што сакате да работите. Многумина од вас ќе размислуваат за своето здравје и ќе започнат со здрава исхрана и физички активности. Оние пак кои се вработени, ги очекуваат повеќе обврски од вообичаеното. Астролозите ви препорачуваат да почнете со реализација на вашите планови по периодот на полната Месечина.
Девица
Овој период ќе биде во знакот на дружењето и романтиката. Многумина од вас ќе се посветат на фитнес и рекреација, а некои пак ќе му се препуштат на уживањето со нивните партнери. Среќата во љубовта ќе им се насмевне на припадниците на овој знак. Постојат големи можности оние кои се слободни да ја запознаат својата сродна душа.
Продолжува на следната страница…