Овој месец 4 планети се во ретроградна положба: Како ќе влијае тоа на вашиот хороскопски знак?
Овој месец имаме 4 планети во ретроградна положба – Венера, Сатурн, Меркур и Плутон. Иако звучи како многу, сепак е возможно да се анализираат. Во продолжение прочитајте кој знак на која ретроградна положба треба да обрне внимание, но сепак имајте на ум дека иако влијанието на едната планета ќе биде најголемо, тоа не значи дека нема да ги почувствувате останатите 3.
Овен: Внимавајте на Венера
Венера беше во вашиот знак во текот на целиот март и го напушти претходната сабота. Сигурно сте го почувствувале ефектот од нејзината положба, и иако Венера не се враќа во Овен до 28 април, сè уште треба да внимавате на влијанието на планетата на љубовта. Не сакате да мислите дека нешто е недостижно за вас, но размислете убаво за флертот на работното место, или за поранешниот партнер пред да направите нешто за што подоцна ќе зажалите.
Бик: Внимавајте на Сатурн
Кога на 19 април ќе почне сезоната на Бикот, вие ќе бидете исполнети со амбиција. Нови проекти, врски и хобија ќе се појавуваат во овој период. Не ја предизвикувајте таа енергија, но проверувајте по два пати пред да се посветите на нешто.
Близнаци: Внимавајте на Меркур
Кога Меркур, планетата на комуникацијата, е во ретроградна положба, можеби ќе почувствувате дека вашата дарба за зборување е намалена. Хемијата што ја чувствувате кога сте со непознати луѓе може да изгледа послаба, но има начин да ја заобиколите оваа ретроградна позиција. Наместо да се потпирате на разговор и инстинкт, преточете ги вашите мисли преку пишување.
Рак: Внимавајте на Меркур
За Раковите ќе биде добро да запомнат дека оваа положба на Меркур знае да ги измеша пораките со добра намера. Не реагирајте бурно на нешта кои ќе ги слушнете индиректно и бидете искрени за вашите чувства. Мислењата многу лесно можат да се сфатат како почеток на расправија кога Меркур е во оваа положба.
Лав: Внимавајте на Венера
Лавови, запомнете, последната делница на Венера во оваа положба ќе биде предизвикувачка за вас. Без разлика дали се согласувате, вашиот знак знае да биде љубоморен. Како што Венера ќе се обидува да ви врати стари љубовници, така и вашата посесивна страна може да се појави. Спротивставете се на нагонот да се јавите на бивш партнер.
Девица: Внимавајте на Плутон
Ова е вашата можност да преземете контрола над вашиот живот. Дали сте премногу строги со некого? Дали одложувањето на вашите обврски може да би помогне да постигнете повеќе?
Вага: Внимавајте на Венера
Можно е да забележите дека вниманието ви „бега“, или пак дека го споредувате сегашниот партнер со некој поранешен. Преиспитајте се пред да барате нешто од некого што досега и не ви беше потребно.
Скорпија: Внимавајте на Плутон
Овој месец положбата на Плутон може да ви донесе ново партнерство, доколку не го испуштите. Не ви пречи да ја делите моќта, сè додека е со некој што добро го познавате. Ова може да ве направи малку пребирливи при одбирањето партнер за работа. Но, ова размислува може и да ве одведе до некој неочекуван што ја заслужува вашата доверба.
Стрелец: Внимавајте на Сатурн
Стрелците завршуваат тригодишен циклус со Сатурн. Овогодишната ретроградна позиција ќе дисциплинира многу Стрелци, дури и оние најимпулсивните. Вежбајте, внимавајте и внимателно носете одлуки, колку и да звучи мачно. Ќе се исплати!
Јарец: Внимавајте на Сатурн
Вие ќе ја почувствувате ретроградната положба на Сатурн најмногу од сите. Воздржете се за некои работи, не е срамно ако понекогаш едноставно се повлечете за да ја видите поголемата слика. И највредниот Јарец има потреба од одмор, а ова е приликата за тоа.
Водолија: Внимавајте на Меркур
Меркур има нешто да ви каже во врска со одморот што го планирате. Не дозволувајте оваа положба да ја уништи вашата желба за патување. Проверете си го авионскиот лет и хотелот два пати.
Риби: Внимавајте на Венера
Колку и да сакате да се грижите за другите, избегнувајте го ова додека Венера не ја смени положбата. Вашата беспрекорна интуиција ќе биде заслепена овој период, па искористете го тоа да си посветите малку време на себе. Проширете ги вашите хоризонти и дозволете ѝ на вашата креативна страна да излезе на виделина.