Овен и бик – пријателска комбинација

Овен и бик – пријателска комбинација

И покрај тоа што овенот може понекогаш да го фрустира дружењето со некој роден во хороскопскиот знак бик, сепак тој има и доста придобивки од ова пријателство. Така, на овенот му одговара смирувачкото влијание кое го има бикот врз него, особено кога неговото ниво на стрес ги надминува границите на нормалното. Додека овенот работи со „полна пареа“ и напнато очекува некој важен повик, бикот наместо да го теши со некои излитени фрази, смирено и пополека ќе му приготви вкусна пилешка супа за да го релаксира. Овенот ќе може да му ја возврати услугата на бикот, кога овој ќе добие потреба за малку авантура и излез од рутинскиот живот, кој овенот дефинитивно може да му го овозможи.Овен и бик – пријателска комбинацијаБикот сака да живее според рутина, а овенот има авантуристичка природа. Бикот е претпазлив, а овенот и импулсивен. Бикот сака да живее со бавно темпо и да ужива во убавините на животот, а овенот сака сѐ да прави набрзина.

Се прашувате која е конекцијата која ги поврзува овие два навидум сосема спротивни карактери? Како прво, бикот се воодушевува на директноста на овенот. Тој никогаш не треба да се грижи за тоа што мисли овенот, бидејќи тој секогаш ќе го каже она што му лежи на срце. Од друга страна, на овенот му се допаѓа разумното однесување на бикот и неговата непопустливост во стресни ситуации. Доколку бикот го научи овенот како да паузира на моменти и да ужива во убавините кои животот ги пружа, тогаш и овенот ќе му покаже на бикот како да го забрза своето темпо, за да ги заврши сите обврски навремено.

Можеби овенот го нервира тоа што на бикот му се потребни 20 минути за да одлучи што сака да нарача во ресторан, но ова не ја оправдува неговата бурна избувливост. Доколку овие двајца можат да се справат со маните на нивниот пријател, тие брзо ќе оформат цврсто пријателство. Може да уживаат играјќи спортови како кошарка и фудбал, бодибилдинг, а заеднички интерес може да им претставуваат и спортските автомобили и мотори.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. js Reply

    za bik i oven nisto ne e tocno ovenot zena e tolku tvrdoglav i inaetcija sto ne moze nikoj da mu izleze na kraj ovenot koga ce zacrta nesto vo glavata toa go tera do kraj bikot za razlika od ovenot e mnogu trpeliv i se zalaga da mu ugodi ama tesko ovenot si ima svoe ja

  2. Katerina Reply

    a osven toa ovenot ne e tolku iskren ponekogash kon bikot ne mu ja kazuva vistinata

Остави коментар