Ова се најважните астролошки настани во јануари 2023 година!
Кои ќе бидат најважните астролошки настани во текот на јануари? Прочитајте во продолжение!
1. Моќта на љубовта
Првите денови од новата година беа во знакот на полна Месечина во Рак на 6 јануари. Тоа ја разбуди љубовта во нашите срца. Така, повеќето од нас станаа почувствителни од вообичаено подготвени да направат речиси сè за оние што ги сакаат. Тоа значи и дека стануваме свесни што сакаме да им пружиме на нашите најблиски, но и каква сигурност и љубов сакаме да добиеме ние самите.
2. Возбудливата Венера
Со Венера во Водолија од 3 јануари почнаа да нè привлекуваат нови работи. Подготвени сме да истражуваме и да бараме нови начини на изразување љубов. Покрај тоа, љубовта во виртуелниот свет на Интернет на многумина ќе им донесе забавни и неочекувани моменти. Меѓу другото, кога Венера ќе се сретне со Уран на 15-ти јануари, може да сретнеме незаборавен странец кој за кратко време ќе исчезне. Можеби ќе имаме и жестока расправија со партнерот со цел да ги зачуваме сопствените граници. Спојувањето на Венера со Сатурн на 22 јануари ќе ги смири страстите и ќе нè врати на првобитниот колосек за да можеме на мир да го анализираме сето она што ни се случило.
3. Carpe diem – Марс во Близнаци
Ако во последниве месеци повеќе размислувавме отколку што делувавме, внимателно правевме планови и го одложувавме почетокот на новите цели, сега сме подготвени за акција. Љубопитноста е важен фактор за успех. Марс во Близнаци (на 12 јануари) ќе нè потсети дека во животот работите не се црно-бели! Секогаш постои нова можност и поинаков начин да го доловиме најдоброто од секој ден и од секоја ситуација. Освен тоа, снаодливоста, пријателите и смислата за хумор ќе ни помогнат да не земаме сè при срце и да бидеме успешни во сето она што го правиме.
4. Неуморен ум – Меркур во Јарец
На 18 јануари Меркур ќе транзитира во Јарец, а тоа значи дека нема да има простор за непромисленост со оглед на тоа дека Меркур ги симболизира остриот ум, јасната перцепција на реалноста и способноста за концентрација. Со други зборови, нашиот ум ќе работи деноноќно и ќе бидеме полни со нови идеи. Сепак, треба да имаме доволно трпение да се погрижиме и за заостанатите здодевни обврски.
5. Романтична љубов – Венера во Риби
Транзитот на Венера низ знакот Риби на 27 јануари ќе ни овозможи да ја погледнеме поубавата и поромантичната страна на животот, барем на кратко. Музика, уметност, филм – има многу начини на кои можеме барем на кратко да избегаме од сивото секојдневие. Ќе бидеме понежни кон партнерот, подготвени за љубовни авантури и ќе им посветиме повеќе внимание на оние што ги сакаме. Сето тоа ќе ни донесе среќен период во љубовта и ќе ни пружи незаборавни моменти.
Откако прочитавте за најважните астролошки настани во текот на јануари, можеби ќе сакате да прочитате и што ќе се промени по завршувањето на ретроградната фаза на Марс на 12 јануари.
Извор: sensa.mondo.rs