Откријте што ви предвидуваат астролозите оваа недела: Неделен хороскоп од 1 до 7 ноември 2021 година - Part 2

Откријте што ви предвидуваат астролозите оваа недела: Неделен хороскоп од 1 до 7 ноември 2021 година

Вага

Иако по природа сте личност што бара рамнотежа во секој аспект од животот, сепак на почетокот од неделата ќе наидете на ситуација што нема да можете да ја контролирате. Но, тоа ќе трае кратко бидејќи ѕвездите ви се наклонети и ве штитат, па така ќе успеете онаму каде што мислевте дека нема никакви шанси да победите. Околу 17-ти ноември ќе наидете на нови, извонредни можности, особено доколку треба да патувате, да менувате работа или пак да се преселите.

Откријте што ви предвидуваат астролозите оваа недела: Неделен хороскоп од 1 до 7 ноември 2021 година

Скорпија

Без разлика дали сте во врска, во фаза на раскинување, или пак сакате да ја промените динамиката во врската, вие ќе имате можност да се ставите себеси на прво место. Од 10-ти ноември па понатаму, ќе одлучите да му дадете нова смисла на вашиот живот и ќе си поставите цел за реализирање на нови проекти. Вашата силна мотивација и желба за успех е таа што ве турка напред. Продолжете да чекорите храбро и решително.

Стрелец

Астролозите имаат добри вести за вас. Иако на почетокот на месецот вашите проекти ќе се одвиваат со забавено темпо, сепак, ќе имате можност да ја забрзате нивната реализација кон средината на ноември. На овој начин ќе докажете дека ништо не може да ве одврати од претходно утврдениот план.

Јарец

Пред да започнете со нови идеи, важно е да ги завршите претходните обврски. Сепак, бидете дискретни што се однесува до новите планови и не правете нешто што би можело да ги компромитира. Сте виделе и подобри денови од овие, можеби затоа што сте уморни од секојдневната рутина, а тоа ја објаснува и вашата пасивност во врската. Не грижете се, работите ќе се средат за кратко и партнерот ќе покаже разбирање за вас.

Водолија

На почетокот на месецот ќе се соочите со недостаток на енергија и волја. Не двоумете се да се одморите и длабоко да размислите за вашите вистински желби. Така сама по себе ќе се наметне желбата за патување што најверојатно ќе се реализира во почетокот на ноември. Време е и да размислите и за сопственото здравје, па пожелно би било да почнете да спортувате.

Риби

Во првите денови од месецот ќе бидете затворени во својот внатрешен свет без да им дозволите пристап на другите. Во овие тешки мигови за вас од особена помош ќе биде присуството на вашата сакана личност, затоа поминете го секој слободен момент со неа и ќе видите дека веднаш ќе се чувствувате подобро. Иако на почетокот на неделата ќе се справите со недостаток на самодоверба, сепак на повидок се добри вести особено во поглед на вашата кариера.

Откако откривте што ве очекува во првата недела од ноември, прочитајте и кои 3 хороскопски знаци ги очекува неверојатна среќа до 22 ноември 2021.

Извор: knowinsiders.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар