Освежителни летни пијалаци за хороскопските знаци

Освежителни летни пијалаци за хороскопските знаци

Летните забави не би биле тоа што се без освежителните ледени напитоци. Без разлика дали се работи за здрави сокчиња покрај море или за алкохолни коктели во вечерите, различните хороскопски знаци имаат различен вкус. Овие напитоци се на база на овошје, зеленчук, билки и зачини, а во секој од нив можете да додадете малку алкохол ако сакате дополнително да се опуштите.

0-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mk

Овен

Овенот најдобро ќе се освежи со цитрусни сокови, па сокот од грејпфрут е идеален избор. Направете вистинска витаминска бомба, додајте лимон и портокал, и на крајот „зачинете“ со мраз. А ако сакате од ова да направите коктел, едноставно додајте малку вотка. Овните исто така може да уживаат во сок од лубеница, кој е совршен за нивниот активен животен стил.

1-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mk

Бик

Јагодите се идеален избор за припадниците на овој знак, бидејќи тие воглавно сакаат комбинација од кисело и слатко. Затоа обидете се да направите летно смуди од јагоди и банана, со додаток малку мраз и вода. А што се однесува до алкохолните коктели, за Биковите најдобар избор е сѐ што е на база на сок од домат. Ако сѐ уште не сте пробале Блади мери, тоа би требало да го сторите ова лето.

2-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mk

Близнаци

Близнаците сакаат авантура, па затоа ги привлекува секој егзотичен вкус со кој не се сретнуваат секојдневно. Егзотичното овошје е идеален избор, а за почеток пробајте да направите коктел од калинка и вотка. Тие исто така го сакаат вкусот и мирисот на ванила, па секој коктел со таа арома ќе им се допадне, особено ако е збогатен со нане и рум.

3-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mk

Рак

Ако сте припадник на овој знак, летово обидете се да експериментирате со сок од грозје. Тоа значи дека тешко ќе погрешите ако се одлучите за сангрија, a најмногу ќе ви се допадне ако има доста лимон и цитруси.

4-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mk

Лав

Овој знак просто го обожава летниот вкус на сокот од ананас. Идеален коктел можете да направите многу едноставно, така што во скокот од ананас ќе додадете малку рум или вотка. Покрај тоа, Лавовите сакаат и цитрусни овошја, особено лимон и мандарина. Направете сок од мандарина и нема да се разочарате.

5-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mk

Девица

Сокот од кајсија е одличен избор за сите припадници на овој знак. Пробајте ја интересната комбинација од природен сок од кајсии со здрав чај од женшен, секако разладен, па завршете со малку цимет. Интересно е дека девиците сакаат и сокови кои се базираат на зеленчук кои се многу здрави. Затоа само напред. Употребете го блендерот, но избегнувајте ги јаките зачини.

6-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mk

Вага

Вагите сакаат сокови од шумски плодови, а скоро и да не е важно за кое од овие овошја ќе се одлучите. Цреши, боровинки и малини се најдобриот избор, но слободно експериментирајте и со други. Висока чаша полна со мраз и ваков сок ќе ја избрка жештината од вашето тело. Секако, секогаш можете да додадете малку вотка.

7-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mk

Скорпија

Скорпиите најмногу водат сметка за себе, и воглавно им годи портокалов сок од моркови, а посебно им се допаѓа бидејќи го подигнува либидото. Можете да направите комбинација со јаболко или цитрусни овошја и со мраз. Инаку не постои ништо во што вистинската Скорпија би уживала повеќе од чаша студено пиво.

8-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mk

Стрелец

Стрелците уживаат во егзотични вкусови, па ако сте припадник на овој знак пробајте сок од манго ова лето. Исто така испробајте ја оваа особено интересна мешавина – во чаша шампањско додајте малку сок од манго. Ова освежувачко и пенливо задоволство ќе ве разлади, а ако сепак сакате нешто „појако“, испробајте домашен леден чај од нане.

9-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mk

Јарец

За Јарците е совршен здравиот напиток кој се прави од цвекло, зелка и блага пиперка. Тоа може да го зачините со малку буковец и ќе добиете совршен солен коктел кој ќе ве засити и освежи истовремено. За нешто малку послатко, пробајте ја комбинацијата од сок од лубеница и диња.

10-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mk_1

Водолија

Водолијата воглавно сака тикви, кои се одлични за комбинирање, а нивниот вкус најдобро одговара со цимет и морско оревче. Направете здрав леден милк шејк од замрзната тиква, малку млеко и зачини. Кога се работи за коктел варијантата, нема да погрешите ако се одлучите за некој кој содржи ликер од лубеница.

11-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mk

Риби

Уште еден знак кој обожава да експериментира со егзотични вкусови, па слободно следниот пат кога ќе појдете да купувате, набавете папаја и манго. Овие две овошки ставете ги во блендер, додајте неколку коцки мраз и сипете јогурт. Овој пијалак е многу здрав и неверојатно освежува. Што се однесува до алкохолот, рибите сакаат вермут и коктелите што го содржат.

12-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mk

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар