Неделен хороскоп од 6 до 12 декември: Време е да им се посветиме на нашите скриени желби
Вага
Во деновите што следуваат ќе почнете да се фокусирате на вашиот дом како и на односите со вашите најблиски. Ќе наидете на проблеми кои ќе сакате да ги игнорирате но тоа никаде нема да ве одведе. Наместо игнорирање, искористете ја моќта што ви стои на располагање и ќе видите дека може да постигнете дури и подобри резултати од очекуваното.
Скорпија
Оваа недела внимавајте да не потрошите повеќе од очекуваното затоа што тоа може да се одреди негативно врз вашите финансии. Од друга страна, спојот на Венера со Плутон ќе придонесе за интензивирање на вашиот сексапил па ова би било идеалниот момент да ги подобрите односите со партнерот или да прифатите покана за состанок.
Стрелец
Иако оваа сезона е поврзана со вашиот роденден, сепак не е време за претерано уживање или преземање ризици. Искористете го влијанието на Нептун за да ја истражите својата креативност. Конјукцијата помеѓу Венера и Плутон ќе се одрази позитивно врз вашата финансиска состојба.
Јарец
Оваа недела ќе се чувствувате особено амбициозни и ќе бидете полни со самодоверба. Мислата дека можете да го освоите светот ќе ви се врти постојано во умот. Конечно ќе дојде моментот кога ќе бидете наградени за вашите долгогодишни напори, било на приватен, било на професионален план. Иако сè уште постојат аспекти кои треба да ги подобрите, сепак треба да се радувате на фактот дека сте на добар пат.
Водолија
Ве очекуваат добри вести во поглед на кариерата. Околу средината на неделата, Месечината ќе биде во вашиот знак што најверојатно ќе придонесе да се чувствувате носталгични за минатото. Иако оваа година беше исклучително тешка за вас и ви донесе значителни промени, сепак обидете се да си дадете време за закрепнување. Само така ќе се соочите со новите предизвици.
Риби
Во следниот период ќе ви биде тешко да се фокусирате на задачите. Ако можете одвојте време за да се одморите или барем почнете со медитација. Доколку уметноста ви е силна страна, оваа напнатост може да ви послужи како поттик за да истражите некои од уметничките замисли што ви биле на ум.
Откако прочитавте што ви предвидуваат астролозите за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и краток годишен хороскоп за 2022 година.
Извор: myimperfectlife.com