Неделен хороскоп од 3 до 9 јануари: Нова надеж и инспирација - Part 2

Неделен хороскоп од 3 до 9 јануари: Нова надеж и инспирација

Вага

Оваа недела што и да одлучите да направите на љубовен план, тоа ќе функционира. Ќе се чувствувате удобно со личноста со која сте избрале да го споделите вашиот живот. Партнерот ќе ви биде благодарен доколку му оставите до знаење колку многу го цените и сакате. Што се однесува до вашите заемни чувства, од големо значење е сега да поставите цврста основа во случај да наидете на некои турбуленции кои нема да можат лесно да ја разнишат.

Неделен хороскоп од 3 до 9 јануари: Нова надеж и инспирација

Скорпија

Добро би било понекогаш да можете да се воздржите од коментар во дадена ситуација. Иако малкумина ја имаат таа способност да го искажат сето она што им лежи на душа и им симнуваме капа поради тоа, сепак бидете свесни дека не можете да преминете преку одредени граници. На тој начин ќе ги повредите не само вашите сакани, туку ќе се повредите и вие самите.

Стрелец

Ја започнувате новата година со напорна и макотрпна работа, и иако можеби ќе наидете на неодобрување, сепак, доколку парите се вашата цел, тогаш сте на добар пат. Знаете дека вие сте одговорни за сопствениот живот и дека не ви е потребно никакво одобрување за да го остварите она што го посакувате. Во текот на оваа недела ќе се обидете да преземете целосна одговорност за вашиот живот, работа, здравје и иднина.

Јарец

Уште од самиот почеток на годината планирате како да ја направите успешна секоја минута во деновите и месеците што претстојат. Она чии подготовки ве изморија во текот на минатата година ќе биде токму она на кое ќе работите оваа недела. Очекувајте позитивен пресврт во љубовниот живот, но и во банкарската сметка. Сепак, не заборавајте дека вие самите сте одговорни за вашата среќа. Затоа живејте го животот на свој начин.

Водолија

И оваа недела ќе бидете во центарот на вниманието. Луѓето околу вас знаат да ги ценат вашите мудри совети, па затоа не е за чудење доколку станете „лидер“ во друштвото. Некој од вашето семејство ќе ви сподели вести поврзани со личност за која сметавте дека веќе не е дел од вашиот живот. Ви претстои среќно обединување на кое треба да се радувате.

Риби

Оваа недела сè ќе се одвива совршено, како на работа, така и дома. Тоа значи дека нема да бидете оптоварени со работните обврски, а во вашето семејство ќе владее хармонија. Доколку не сте во врска, најверојатно сте на добар пат да запознаете посебна личност.

Откако го прочитавте неделниот хороскоп од 3 до 9 јануари, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот љубовен хороскоп за јануари 2022 година.

Извор: yourtango.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар