Неделен хороскоп од 24 до 30 април: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Неделен хороскоп од 24 до 30 април: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Не пропуштајте го хороскопот за оваа недела!

Неделен хороскоп од 24 до 30 април: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Овен

Во овој период нема да ви недостасуваат задоволства, како на приватен така и на професионален план. Но, ако наидете на какви било барања или предлог за работа, не двоумете се! За жал, поради неповолниот транзит на Марс, можете да се чувствувате малку повеќе уморни од вообичаено, особено во вторник и среда.

Бик

Ве очекува навистина среќен период за вашиот знак пропратен со убави изненадувања со оглед на тоа што почна сезоната на владеењето на Бикот. Најсреќните денови во неделата ќе бидат вторник, среда и недела. Од друга страна, четврток и петок ќе ви бидат особено тензични, па затоа обидете се да ги одбегнувате расправиите.

Близнаци

Вашата недела ќе започне одлично, со светлата Месечина подготвена да ви донесе среќа! Покрај Месечината, и Венера ќе ви влијае позитивно во наредните денови. Особено романтични денови ќе бидат четврток и петок. Љубовни вибрации ве очекуваат и за време на викендот.

Рак

Марс ви дава сила и поддршка да продолжите понатаму и покрај неповолната позиција на Јупитер што продолжува да ви фрла некои пречки на патот. Но, не грижете се бидејќи од средината на мај вашата ситуација ќе се подобри! Во меѓувреме, можете да сметате на два среќни дена, вторник и среда, и поволен транзит на Меркур, кој може да ви донесе неочекувани добри вести.

Лав

Неповолниот транзит на Меркур оваа недела може да донесе малку повеќе предизвици или пречки на работа. Доколку треба да разговарате за проблемите со шефовите или колегите, подобро е да го направите тоа во четврток и петок, кога, благодарение на Месечината, ќе наидете на помирен дијалог. Од друга страна, Венера позитивно ќе влијае врз вашиот однос со партнерот.

Девица

Љубовта оваа недела повторно би можела да ви предизвика тешкотии: планетата Венера во знакот Близнаци инсинуира сомнежи и ве тера да гледате негативно на сè околу вас… Затоа, астролозите ви препорачуваат да ја оставите настрана вашата рационалност и повеќе да им верувате на своите чувства! Поволниот Меркур, пак, ќе ви помогне да најдете нови сојузници на работното место.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар